ЛОГИКАТА НА TIPO

Потребно е малку за да добиете многу, вклучувајќи ги богатството од стандардна опрема и сета удобност која ја посакувате, за вистинска цена. Тоа е она што ние го нарекуваме Tipo логика.

ДИЗАЈН И СТИЛ

Дизајниран во Италија од страна на Центарот за дизајн Fiat, Tipo Station Wagon е комбинација на функционалност и убав стил, кои вклучуваат динамичен, современ надворешен дизајн, пространа внатрешност и високо ниво на флексибилност, благодарение на багажниот простор Magic Cargo и надолжните кровни носачи монтирани стандардно. 4.57 метри на чиста слобода.

ИСТАКНАТА ЛИЧНОСТ

Модерен, динамичен стил: од LED дневни светла (DRLs) до големата хоризонтална маска со хромирани сегменти и издолжени линии кои се протегаат од хаубата преку кровот до задниот спојлер, секој дел од Tipo Station Wagon се вклопува елегантно, практично и хармонично во целокупната архитектура.

Ви треба информација? Разговарајте со нас