НАЈДОБРА ТЕХНОЛОГИЈА
На новата гама на Tipo, системите за автономно возење ADAS ти овозможуваат да возиш во максимална безбедност, притоа овозможувајќи ти да уживаш во секој миг од возењето.

LANE CONTROL - ПОСТОЈАНО ВО КОЛОВОЗНАТА ЛЕНТА

При брзина поголема од 60 km/h, доколку автомобилот излезе од коловозната лента по која се движи, системот го предупредува возачот со визуелен сигнал на инструмент таблата и го „стврднува“ воланот за да го врати возилото на коловозната лента.

INTELLIGENT SPEED ASSIST AND TRAFFIC SIGN RECOGNITION

Постојано во рамките на дозволеното: новото Tipo ги издвојува и ги препознава сообраќајните знаци и ги прикажува на екранот од збирот на инструменти. Co ограничувачот на брзината можеш и да ја регулираш брзината на твојот автомобил врз основа на максимално дозволената, којашто ќе биде препознаена од системот Traffic Sign Recognition.

ATTENTION ASSIST - АСИСТЕНЦИЈА ПРИ ЗАМОР НА ВОЗАЧОТ

Заморот повеќе не претставува проблем: системот ги препознава првите знаци на замор кај возачот преку надгледување на движењето на возилото и му препорачува на возачот да направи пауза, преку звучен и визуелен сигнал кој ќе се појави на инструмент-таблата.

ACTIVE GRILL SHUTTER - АКТИВНА ПРЕДНА МАСКА

Системот oбезбедува аеродинамично возење преку регулација на внесувањето на воздухот преку цела серија на панели кои се активираат во самата предна маската. Неговото дејствување гарантира побрзо загревање на моторот, намалување на бучавата и поголема заштита на ладилникот.

ИНФОРМИРАЊЕ И ЗАБАВА
На новото Tipo Sedan, технологијата се гледа. Новото радио со екран од 7” и 10” ти овозможува да слушаш музика, да го користиш навигаторот и да се поврзеш на твоите уреди на едноставен и непосреден начин.

DAB

Сета висока дефиниција на дигитално аудио за музика и забава.

APPLE CARPLAY WIRELESS

Поврзи го твојот iPhone со екранот на Uconnect™ од 10” (опционал) и управувај со Apple CarPlay без употреба на кабли, преку гласовни команди (Siri) или директно преку екранот на допир. Apple CarPlay, при безжична употреба, е најинтелигентниот и најсигурниот начин за користење на iPhone во автомобил: можеш да добиеш упатства за насоката на движење, да вршиш телефонски разговори, да примаш и да испраќаш пораки, но и да слушаш Apple Music, аудио книги или подкаст, притоа да не го одвлекуваш вниманието од возењето.

ANDROID AUTO™ WIRELESS

Fiat Tipo Sedan исто така е компатибилен со Android Auto и може да се поврзе безжично (со компатибилни уреди). Кога мобилниот е поврзан со градскиот автомобил, интерфејсот user friendly ги прикажува апликациите на екранот 10″ Uconnect (опционал).
Може да управуваш со музиката и контактите и, благодарение на „ Google Maps“ може да истражуваш мапи, како и условите на сообраќај во реално време, директно од екранот на допир и без да се одвлече вниманието од возењето.

Ви треба информација? Разговарајте со нас