ДРУШТВЕН

500X значи перфектно и олеснето патување, со технологија која го прави возењето позабавно и престојот во возилото поедноставен.

DRIVE MOOD СЕЛЕКТОР

Преку користење на командите сместени на средишниот тунелен дел, може да се избере една од трите опции на располагање:  Auto, Sport и All-Weather – кои ја оптимизираат динамиката на возењето преку адаптирање на држењето на возилото.

ЕДУКАТИВНО-ЗАБАВНА СОДРЖИНА

За време на возењето, од страните на воланот постојат механизми за подесување на брзините, HandsFree Bluetooth® и Bluetooth Audio streaming, дополнети со  eco:Drive™ функцијата, како и Uconnect™ системот за едукативно-забавни содржини.
Со помош на опцијата Uconnect™, преку нејзините 5″ или 6.5″екрани, можете да ги управувате сите мултимедијални уреди кои постојат во автомобилот: аналогното и дигиталното радио  (DAB) вклучувајќи ги и главните компоненти за поддршка (media player, iPod, iPhone, smart phone) поврзани преки USBпорт Aux-in приклучок.
Уредот Uconnect Radio Nav 5″ нуди  TomTom 2.5D опција за навигација со 6.5″,  Uconnect Radio сателитско-навигациски карактеристики преку3D мапи, напредна опција за водење на патот и ‘One Shot Voice Destination Entry’ која овозможува внесување на адресата преку говорни команди.
Новиот систем UconnectLIVE исто така им овозможува на корисниците  преку интеграција со нивните смартфони да користат различни апликации за време на патувањето и на тој начин секогаш да бидат во контакт со нивните пријатели на Twitter; на располагање е опцијата за преслушување на 35 милиони музички траки на Deezer и преку стотици радио станици со помош на Tune-In; опција за добивање на најновите информации и моменталната состојба во собраќајот преку Reuters, камери за мерење на брзината и временските услови благодарејќи на услугата TomTom LIVE.
И тоа не е се: Можете дополнително да го подигнете нивото на Вашето возачко искуство и стил со помош на eco:Drive™ опцијата, која Ви овозможува опција за заштеда на гориви и проверка на моменталната состојба на испуштање на CO2.
Можете и целосно да одите во чекор со Вашето возило со помош на функцијата  my:Car: која Ви дава потсетување за локацијата каде што сте се паркирале, ве информира за тековната состојба на гориво и евентуално постоење на неправилности во рамките на возилото.

ОТКРИЈТЕ ГО UCONNECT™

Ви треба информација? Разговарајте со нас