ПАТУВАЈ УШТЕ ПОБЕЗБЕДНО
TRAFFIC SIGN RECOGNITION – Препознавање на сообраќајните знаци
Fiat 500X ги открива и ги препознава сообраќајните знаци и ги прикажува на екранот TFT на инструмент-таблата. Така, можеш да уживаш во твоите патувања без грижи.
SPEED ADVISOR – Препорака за брзината
Овој систем ти овозможува да ја ограничиш максималната брзина со само еден клик, прилагодувајќи ја на ограничувањето прочитано од Traffic Sign Recognition.

ELECTRIC PARKING BRAKE – Електрична паркинг-кочница
Доволно е да се притисне едно копче за да се активира или деактивира паркинг-кочницата на твојот 500X: едноставно решение, на дофат на рака.
LANE ASSIST – Помош за одржување во коловозна клента
Овој систем те предупредува доколку дојде до несакано изгледување од коловозната лента, односно без вклучен трепкач. Lane assist ќе те предупреди директно на инструмент-таблата и ќе дејствува врз воланот за да те врати во коловозната лента.
CRUISE CONTROL AND SPEED LIMITER – Темпомат и Ограничувач на брзината
Со Cruise Control ја одредуваш брзината на движење: 500Х ќе ти помага да ја одржуваш цело време додека е вклучен системот. Безбедноста на патувањето е важна, но важно е и да се биде опуштен.