Skip to content Skip to navigation
Торино, 20 февруари 2024

Во 2023 FIAT продолжува да расте за цели 12% на светско ниво и се потврдува како марка број еден на Стелантис по обем на продажба и е лидер во Италија, Бразил, Турција и Алжир

  • FIAT станува сè повеќе присутен насекаде во светот: во 2023 година продажбата на возила ширум светот се зголеми за 12%, односно вкупно 1,35 милиони.
  • Марката е лидер на четири национални пазари со пазарно учество од 21,8% во Бразил, 12,8% во Италија, 15,7% во Турција и 78,6% во Алжир.
  • Во Европа, 500e е најпродаван во категоријата на електрични градски автомобили, втора година по ред.
  • Fiat Professional Ducato е најпродавано лесно комерцијално возило на Групацијата Стелантис во Европа.
  • Во 2023 година, FIAT е водечка марка на Стелантис по обем на продажба во светот, трета година по ред, и е лидер на пазарот во Јужна Америка со пазарно учество од 14,5%.

FIAT го зголеми својот глобален обем на продажба за 12% во 2023 година, забележувајќи вкупно 1,35 милиони продадени возила ширум светот и потврдувајќи се како најдобра марка на Групацијата Стелантис во однос на обемот на продажба. Нејзиното глобално лидерство се согледува низ значајните достигнувања во Европа, Јужна Америка, Блискиот Исток и Африка.

Марката е всушност лидер на четирите „домашни пазари“ со учество од 21,8% во Бразил, 12,8% во Италија, 15,7% во Турција и 78,6% во Алжир, и со различни модели се наоѓа на врвот: Fiat Strada во Бразил, Panda во Италија, Tipo во Турција и Алжир.

Оливие Франсоа, извршен директор на FIAT и Глобален маркетинг директор на Стелантис, изјави: "Во текот на минатата година бележиме раст на глобално ниво, со што ја консолидира нашата позиција како светски играч и, трета година по ред, FIAT се покажа како прва марка на Стелантис во однос на обемот на продажба, бележејќи +12% на глобално ниво во споредба со минатата година и на тој начин придонесуваме за одличните резултати на Групацијата.“ Потоа продолжи „Во 2023 година во Европа лансиравме два важни нови производи: новиот Fiat 600 - што го означува враќањето на FIAT во сегментот Б - и новото Topolino. Заедно тие ќе го направат уште поцврсто нашето лидерство во понудата на одржлива урбана мобилност." Во Јужна Америка FIAT го потврди своето лидерство со пазарно учество од 14,5%, заедно со лидерството во Бразил. На Блискиот Исток и Африка, исто така, ја потврдивме нашата клучна улога во Турција и, благодарение на новата фабрика во Алжир, влеговме на нов значаен пазар, и станавме лидер. Затоа сме подготвени за одлична 2024 година. Наскоро ќе започне втората сезона на FIAT, давајќи живот на другата душа на нашата сакана марка, онаа што одговара на инклузивноста, генијалноста, италијантската суштественост и глобалноста“.

Европа

Врвот на стратегијата за електрификација на FIAT, минатата година, моделот 500e е број еден во Европа во сегментот A+B BEV со пазарно учество од 14,7%, зголемување за 0,3 поени во споредба со 2022 година. Исто така се рангираше на прво место во Италија, Германија, Шпанија, Белгија и Австрија и второ место во Франција.

На градскиот пазар на автомобили, FIAT има регистрирано над 230.000 автомобили Fiat 500 (без верзијата BEV) и Panda, достигнувајќи пазарно учество од 44,4%, и со тоа ја потврди европската надмоќ на FIAT.

Помеѓу комерцијалните возила, FIAT Professional Ducato беше број еден на Stellantis Group, рангирајќи се на седмото место на пазарот за LCV во Европа.Во Италија, FIAT е лидер на пазарот на патнички автомобили со 175.000 продадени автомобили, што е еднакво на пазарно учество од 11,1% за целата година.

- Fiat Panda Hybrid, кој се произведува во Помиљано, е најпродаван во Италија 12-та година по ред. Заедно со Fiat 500 Hybrid, марката постигна пазарно учество од 66,5% во сегментот на градски автомобили.

- Fiat 500e, кој се произведува во Торино, Мирафиори, е најпродаваниот електричен градски автомобил во Италија.

- Fiat 500X, кој се произведува во Мелфи, има пораст од 25% во однос на 2022 година.

FIAT Professional е лидер на пазарот на комерцијални возила, со 51.000 регистрани возила, што е  еднакво на пазарно учество од 26,1% во 2023 година. Fiat Ducato, Doblò и Fiorino се рангирани на прво место во нивните соодветни сегменти, додека Scudo се најде на второ место со раст од 2,9% во однос на претходната година. Понатаму, Fiat Professional Ducato, кој се произведува во Атеса (Италија), е најпродаваниот во земјата од каде потекнува, со над 21.900 регистрирани возила и пазарно учество од 29,4% (+10% во споредба со 2022 година).

Остатокот од Европа. Во 2023 година FIAT бележи пораст на продажбата во Франција со речиси 60.000 регистрирани возила (+7,2% во споредба со 2022 година), од кои 33.000 Fiat и Abarth 500, од ​​кои 24.000 во електричната верзија.

Во Германија, 500e е најпродаваниот во сегментот BEV A+B, а FIAT Professional забележа раст од 40% во волумен и +1,3 pt. на пазарното учество.

500e доминира и во Шпанија, каде ја освои титулата најпродаван електричен градски автомобил во сегментот А+Б, додека Fiat 500 е најпродаван електричен автомобил во А сегментот седма година по ред. Конечно, во Шпанија, FIAT Professional бележи пораст на продажбата од 28%.

Јужна Америка

Во 2023 година, FIAT бележи раст и во Јужна Америка, каде што марката е лидер со пазарно учество од 14,5% и регистрирани над 542.000 автомобили (45.300 повеќе во однос на 2022 година), со над 94.600 автомобили пред автомобилот пласиран на второто место.

Во Бразил, FIAT обезбеди водечко место во категоријата мали автомобили (над 140.200 автомобили и 22,6% учество во сегментот), пик-ап (172.000 автомобили и 42,6% учество) и комбиња (26.250 автомобили и учество од 44,5%) . Во вториот случај, постигнатиот раст е 20% во однос на претходната година. Треба да се напомене дека во сегментот на комбиња и лесни комерцијални возила, FIAT е број еден повеќе од 15 години. Трета година по ред, Fiat Strada е најпродавано возило со 120.600 возила и пазарно учество од 5,5%. Во сегментот SUV, Fiat Pulse и Fastback забележаа 86.200 продадени возила во текот на годината со значаен пораст од 43%.

 

Во Аргентина, Fiat Cronos е на чело на пазарот од 2021 година и ја држи првата позиција во сегментот B-Sedan со учество од 71,3%. Тоа е, исто така, вториот најпроизведуван модел во историјата на FIAT во Аргентина, со над 350.000 произведени возила, додека Strada ја задржува првата позиција во категоријата B-Pickup со учество од 79,4%.

Регионот на Средниот Исток и Африка

Забележителни перформанси и во регионот МЕА, особено на турскиот пазар, каде што FIAT е првата автомобилска марка која одржува непрекината петгодишна лидерска серија, со 15,7% од учеството на пазарот, благодарение и на Fiat Egea, кој осма година по ред е најпродаван автомобил во Турција. Fiat Fiorino придонесува за одличните резултати и е најпродаван во сегментот на Лесни комерцијални возила.

Понатаму, FIAT го отвори патот за своето понатамошно проширување во MEA, така што се врати во Алжир, за прв пат во март 2023 година, воведувајќи шест модели со цел да се задоволат различните потреби за мобилност на алжирските индивидуални и професионални клиенти. Овде FIAT е лидер на пазарот со 78,6% удел и над 50.000 продадени возила минатата година. Клиентите ги избраа Fiat 500 Hybrid, Tipo и 500X како фаворити во сегментот на патнички возила, додека Doblo, Scudo и Ducato се најпродаваните комунални возила. На крајот на 2023 година беше претставен и возбудлив нов модел, Fiat Titano.