Skip to content Skip to navigation
Торино, 6 март 2023

„ПАНДЕЛЕРИЈА“, МЕСТО КАДЕ „ПАНДИТЕ“ СЕ ПОБРОЈНИ ОД ЛУЃЕТО. ФИЛМ КОЈ ЈА СЛАВИ ИКОНАТА НА ФИАТ И РАБОТНИЦИТЕ ОД ФАБРИКАТА

Панделерија“, сега е онлајн на овој линкПретпремиерата на документрниот филм е прикажана на вработените во фабриката во Помиљано д’Арко, како благодарница за нивниот придонес во успехот на моделот Панда.

  • Снимен во Панделерија, местото каде има повеќе Панди од луѓе“, е омаж на иконата на ФИАТ.
  • После скоро 40 години исполнети со успеси и речиси 8 милиони продадени автомобилиФиат Панда е на водечкото место во сегментот на градски автомобили во Европа и е најпродавано возило во Италија.
  • Отсекогаш бестселер” на ФИАТ, Панда ќе продолжи да го осветлува патот кон иднината на марката.

ФИАТ им оддава почит на вработените во фабриката Џанбатиста Вико во Помиљано д’Арко, местото каде се произведува ненадминливиот модел Панда, еден од најпознатите симболи Made in Italy во светот. Меѓу нив, “изработувачите” на еден успешен модел кој, заедно со иконскиот Фиат 500, го доведоа ФИАТ до лидерското место во Европа во сегментот на градски автомобили. За да им оддаде почит, како дел од својата заедница, ФИАТ сними документарен филм наречен “Панделерија”, којшто, како што наведува самиот наслов е снимен на сицилијански остров Пантелерија, познат по своите природни убавини и е место со најголема густина на автомобили Панда на светот.

Оливие Франсоа, генералниот директор на ФИАТ и CMO на светско ниво на Стелантис, изјави: “И после 43 годиниФиат Панда е водечки градски автомобил во Европа и е најпродавано возило во Италија, каде одржува сјајни 8% од вкупното учетсво на пазаротпридонесувајќи на значаен начин за постигнувањата на Стелантис во земјатаЗа да се прослави овој автентичен симбол на мануфактурата Made in Italy и за да се заблагодари на умешноста на неверојатната фабрика во Помиљано д’Аркоснимивме филм под името Панделерија”. Комплетната претпремиера е прикажана пред една недела на сите вработени во знак на благодарноствнесоа неверојатна количина на страст и професионалност во нивната работа, за да направат успехот на Панда никогаш да не запреИ токму затоа, Панда претставува италијански автомобил и ќе продолжи да биде тоа во наредните години.

Снимен во центарот на Медитеранот, кадешто по целиот остров се вози Панда од сите возрасти, конфигурации и бои, документарниот филм ги истакнува убавината и боите на островот низ секојдневните приказни од животот на неговите жители, во кој Панда е нераздвоен сопатник.

Во траење од 30 минути, прикажува 14 жители на островот Пантелерија, кои раскажуваат за нивната љубов кон трите генерации на Панда. Меѓу нив пронаоѓаме духовен водич, пчелар, змејоделец, механичар, свештеник, музичар и уште многу други. Сите поврзани со љубовта кон островот и кон Фиат Панда, која им помага во секојдневните активности, благодарение на нејзината разноврсност и функционалност. Нивните приказни се типичен пример за “оние кои возат Панда”, кои го избраа и  го сакаат овој автомобил поради неговата едноставност и пристапност. Забавно и надреално патување кое го откриваат жителите на овој мал остров и нивната поврзаност со иконата на ФИАТ. Документарниот филм е осмислен од страна на агенциите Публицис Груп, Лео Бурнет и Публицис Сапиент, а е дело на Твистер филм, во режија на славниот документарист Џовани Троило (познат по документарците “Моќта на Рим” и “Везуф или: како научија да живеат меѓу вулканите”).

Инаку, како ексклузива за италијанскиот пазар, проектот ќе биде распространет благодарение на соработката со Габриеле Вањато, кој реализира серија од скечеви за да ги збогати приказните раскажани во документарецот. Неговата иронична и забавна интерпретација ги привлекува новите генерации и преку генијалноста на Панда.

Социјалната кампања ја отелотворува суштината на Панда, соединувајќи ги, во истата замисла, двата различни јазици: документарниот филм од една страна и социјалните содржини од друга, обраќајќи се на тој начин до сите генерации – онака како што тоа само Панда знае да го направи – одржувајќи сончев и лежерен тон на гласот.

Фабриката на Стелантис “Џанбатиста Вико” во Помиљано д’Арко

Оваа фабрика е едно од најнапредните производни места на Групацијата, инаугуриана во 1972, а од 2011 година го произведува и моделот Фиат Панда. Еден од симболите Made in Italy сместен во Помиљано д’Арко, пред портите на Неапол. Индустрискиот комплекс освои бројни интернационални награди и денес ја продолжува својата посветеност кон намалување на влијанието врз околината преку постојани подобрувања, меѓу кои е и одговорната потрошувачка на енергија и на вода, одржувањето на квалитетот на воздухот и управување со отпадот.