Skip to content Skip to navigation
Торино, 29 септември 2023

Одделот Heritage слави 30 години од митскиот модел Fiat Punto

  • Произведен во повеќе од девет милиони примероци до 2018 година и во три генерации, моделот Punto доминираше во сегментот B цели 25 години, поставувајќи нови стандарди во поглед на дизајнот, безбедноста и комфорот.
  • Производството на првата серија (1993-1999) започна со напредна технологија која го отвори патот кон "интегрирана фабрика". За да се конструира овој модел беше изградена нова фабрика во Мелфи (Потенца).
  • Крунисан со титулата "Автомобил на годината за 1995", Punto беше произведен и во кабриолет верзија, на познатиот Бертоне.
  • Втората серија (1999-2010) беше лансирана во рамките на Стогодишнината на Фиат и означувваше значаен чекор напред во однос на претходната генерација кога станува збор за дизајнот и иновацијата.
  • Моделот е прв компактен автомобил кој ја воведе технологијата "Common Rail" и уште многу новитети во сегментот, акако што е електронскиот менувач Speedgear и електричниот сервоволан Dualdrive co начин на возење
  • Во 2005 стаса и третата генерација, "Grande Punto" која доби поголеми димензии и комплетна опрема во однос на претходните верзии. Автомобил дизајниран за да предизвика “возбуда” но и да ја истакне солидноста која произлегува од стандардите за квалитет и апсолутна извонредност.
  • Во 2009 пристигна Punto Evo, еволуција на Grande Punto, генерација која понуди апсолутно најкомплетна и еколошка гама на мотори во сегментот. Неговото откривање пред интернационалниот печат се случи на носачот на авиони Кавур, предводникот на Воената морнарица на Италија.
  • Помеѓу 2006 и 2011 Grande Punto S2000 ќе доминира на сите рели-трки, освојувајќи два шампионати на Италија (2006 и 2007), еден Интерконтинентален Rally Challenge (2006), еден Рели Шампионат на Шпанија (2007) и дури четири Европски Рели Шампионати (2006, 2009, 2010 и 2011).
  • Наследството потоа премина на Фиат Punto во 2012, првиот автомобил во сегментот којшто беше опремен со систем за информации и забава (Blue&Me) како и апликативниот систем eco:Drive за одржливо возење.
  • На 18 август 2018 послдниот Punto излезе од производната лента во фабриката во Мелфи и велзе во историјата на автомобилите.

Тимот на одделот Heritage (Наследство) на Стелантис за марките Алофа Ромео, Фиат, Ланча и Абарт ја прославува 30-годишнината на моделот Punto, посветувајќи му славеничко видео (link) на кое е прикажана неговата историја, преку избор на клипови, зачувани во архивите на Историскиот Центар Фиат. Произведен во повеќе од девет милиони примероци до крајот на 2018 година, моделот на Фиат Punto владееше во сегментот B цели 25 години, оставајќи зад себе славни конкуренти, и влезен во колективната мисла претставувајќи го најдоброто од автомобилите Made in Italy во поглед на стил и технологија.

„Успехот на автомобилот – објаснува Роберто Џолито, директор на одделот на Стелантис, Heritage (Наследство) за марките Алфа Ромео, Фиат, Ланча и Абарт – е резултат на успешен исход на еден обид, на блесок на стилска интуиција произлезена од студиите за нови трендови на вкус и новите потреби на клиентите. Накратко, создаден е по рецепт, подложен на тест од најстрогиот судија: времето. Така е и случајот на Фиат Punto, кој оваа година ја минува целната линија од 30 години од своето создавање, содржани во 25 години производство, три генерации, бројни технолошки и комерцијални рекорди и, пред сè, неспорна наклонетост на јавноста“.

Инаку, клиентите кои како прв автомобил избрале модел на Фиат, сфатиле дека е незаменливо средство за индивидуална мобилност и научиле како да ги ценат автомобилите кои се способни да бидат убави, доверливи и допадливи за возење, но пред сè имале пристапна цена. И моделот Punto не е исклучок, напротив, во  текот на неговата долга кариера постави нови параметри – во однос на дизајнот, безбедноста и комфорот – во сегментот B, каде отсекогаш се натпреваруваат најдобрите конструктори во светот.

На 11 август 2018 година од производната линија на фабриката во Мелфи излезе последниот автомобил Punto, затворајќи една престижна историја исполнета со технолошки и комерцијални примати, благодарение на кои низа години ја носеше круната на најпродаван автомобил во Италија, а понекогаш и во Европа.