Skip to content Skip to navigation
Торино, 4-ти јули 2023

НОВ FIAT TOPOLINO: ЕЛЕКТРИЧНА ГРАДСКАТА МОБИЛНОСТ СО ЕКСКЛУЗИВЕН ДОПИР НА ИТАЛИЈАНСКАТА DOLCE VITA

FIAT продолжува со својата мисија да развива одржлива мобилност за градовите, трансформирајќи ги во релаксирачки игралишта каде возењето станува едноставно, одржливо и достапно искуство за сите. Оваа цел станува реалност благодарение на Новиот Fiat Topolino, нов радосен, кул електричен автомобил и погоден за секого, наменет за семејства, па дури и за најмладите, кои може да го возат и тоа уште од 14-годишна возраст. Електричен и еклектичен автомобил, кој се прилагодува на секој контекст и нуди бројни можности за користење.

Topolino е идеално решение за урбана и за мобилност на кратки растојанија, способен да оди каде било, благодарение на неговата големина и 100% електрична мобилност. Во знак на почит кон историјата на марката и нејзината способност да воведува иновации на симпатичен начин и со леснотија, Topolino совршено го отелотворува стилот на новата Dolce Vita и чистата италијанска убавина.

Со навистина ексклузивни додатоци, како што е рачниот туш што го прави совршен за на плажа, младешкиот дизајн и можноста за возење од 14-годиншна возраст, па нагоре, новиот Fiat Topolino се насочува и кон нова цел.

Topolino е совршен израз на посветеноста на FIAT за одржливост: неговиот електричен мотор гарантира нула емисии и смалена бучност, во целосна согласност за одржливост на урбаните центри. Како за крај, екстремно содржаните димензии се совршени за градскиот сообраќај, со што го прават Topolino идеално средство за движење низ град.

 

Topolino, the FIAT way

Во денешното сценарио, мисијата на FIAT е да продолжи да нуди револуционерни производи за движење низ град, но со нешто повеќе, различен и иновативен наратив. Со Topolino, марката дава значаен придонес за поодржливо градско возење, преземајќи важен чекор кон ведра и целосна електрификација. Fiat Topolino ќе ги привлече младите повторно да се вљубат во „автомобилот“, привлекувајќи го Gen Z, односно јавноста која води сметка за прашањата за одржливост, со изразена чувствителност и желба да понуди еколошко, лично и интуитивно решение за превоз. Topolino претставува сон на четири тркала на обожавателите на морскиот брег, како совршено превозно средство за доживување на летото низ тесните патишта на прекрасното италијанско крајбрежје. Извонредна двојна душа: идеална и за малите приморски села и за хаотичниот центар на градот.

 

Италијанска убавина и слобода во сета своја едноставност

Fiat Topolino е помалиот брат на Fiat 500. Всушност, името и дизајнот го зема од оригиналниот 500, нагалено наречен „Topolino“ поради неговите содржани димензии, ја проширува гамата и го утврдува лидерството на марката во секторот за одржлива урбана мобилност. Неговиот стил, како и оној на неговиот предок, се карактеризира со моќна едноставност, дизајн кој се врти околу идејата за „помалку е повеќе“ што ја вреднува едноставноста како најдобар придружник на убавината.

Клучниот збор е “слобода”: споделете ја со вашите најблиски, возете го каде било и во било какви временски услови, а потоа паркирајте го каде што сакате. Во споредба со скутер, тој нуди бесконечна палета на можности. Може да се вози безбедно дури и на дожд, неговата структура нуди поголема заштита и ви овозможува да патувате со пријателите или семејството.

Гамата вклучува две различни каросерии, една затворена и една отворена, и двете имаат кохерентни структурни карактеристики: иста боја, зелена резеда, Verde Vita, ист дизајн на тркалата и единствен естетски пристап кон ентериерот. Благодарение на екстремно малите димензии во споредба со нормален автомобил (долг 2,53 метри), на управливоста, Topolino повторно ја разгорува желбата за патување без стрес, во целосна безбедност благодарение  на максималната брзина ограничена на 45 km/h. И двете исклучително разновидни верзии поседуваат батерија од 5,4 kWh која нуди автономија до 75 km и помалку од четири часа време за целосно полнење. Повеќе од она што е потребно за деновите на плажа или за секојдневно возење низ градските центри.

Смалени димензии, со извонредна просторност благодарение на двете седишта кои не се во иста линија поставени, големата стаклена површина која значително ја зголемува перцепцијата на просторот во целост и, најмногу од сè, местата за багаж, распоредени на стратешки начин. На едно од нив, поставено помеѓу возачот и патникот, може да смести куфер, со вкупно 63 литри внатрешен товарен простор.

 

Персонализација Dolce Vita

Fiat Topolino може да се персонализира за уште повеќе да се истакне неговиот летен карактер крај морскиот брег: ќе може да се постави оригинален и ексклузивен рачен туш, наменет токму за деновите на плажа.

Затворената верзија може да се персонализира со налепници со ефект на дрво на вратите. Во отворената верзија, пак, можно е да се додадат налепници со пруги на покривот како летна тенда, за дополнителен шмек на Dolce Vita. Двете варијанти се опремени со багажник позади, Dolcevita Box, елегантна и функционална штофена преграда, во која може да се стават лични предмети, како и старовремски ретровизори ( vintage )со хром ефект. Она што ги разликува двете верзии е додавањето на јажиња во наутички стил и прагот на вратата со логото Dolcevita во отворената верзија, како и заштитна завеса од сонце на плафонот во затворената верзија.

На интернет-страницата наменета за додатоците Fiat или пак на продажните места на FIAT на располагање се додатоци со кои би се задоволиле потребите на сите корисници. Таму би можело да се купат перт различни артикли, во совршена координација со стилот на Topolino: голема торба за предмети, вентилатор кој се приклучува преку USB,  Bluetooth звучник, термичка торба за топли или ладни пијалоци и две прекривки за седиштата кои, по потреба, се трансформираат во удобни и меки постелки за на плажа. Сите, очекувано, се во зелена резеда боја, Verde Vita.

 

За секој корисник, едноставно и пријатно дигитално патување  во само три кликнувања

За да понуди уште поедноставно доживување на клиентите, процесот на купување на Новиот Fiat Topolino ќе биде извонредно едноставен: само едно поставување, три кликнувања за конфигурирање и купувањето на возило станува интуитивно, што им овозможува на купувачите да ја следат и следат нивната нарачка.

По повод лансирањето на моделот, од 4-ти јули, во Италија, на интернет-страницата на FIAT е поставена специјалната можност за букирање “Be the first”, наменета за сите оние кои сакаат меѓу првите да го имаат Новиот Topolino, чија испорака е предвидена за крајот на годинава.

Новиот Topolino совршено се вклопува во целта на FIAT да стане лидер во одржливо движење низ град, за сите.