Skip to content Skip to navigation
Торино, 4-ти јули 2023

НОВ FIAT 600E: ВРАЌАЊЕ ВО СЕГМЕНТОТ „B“ СО ЕЛЕКТРИЧЕН FIAT

 ФИАТ останува на лидерското место во градското одржливо движење и го претставува  Новиот Fiat 600e, извонредно дополнување на гамата на марката Фиат, кој го означува нејзиното враќање во сегментот B. За да го освари тоа, го содржи сето она што го сакаат клиентите на сегментот B и го подобрува во секој поглед: повеќе простор, повеќе автономија и посилно чувство на Dolce Vita.

Накратко: Новиот Fiat 600e го зема најдоброто од сегментот B и она од B-SUV возилата, за да понуди „живо“, удобно возење кое ја истакнува неговата убавина.

По стапките на успехот на својот претходник и вистински бестселер, Fiat 600 од 1950-тите, исто така популарен “family mover” (семеен превозник), Новиот Fiat 600e е позициониран во срцето на брзорастечкиот Б-сегмент.

Новиот Fiat 600e претставува идеално решение и за оние кои го сакаат градот и за оние кои ја сакаат природата и е совршено олицетворение на италијанскиот стил и одржливост што ја  карактеризираат марката. Cool и убав, со дарежливи димензии и должина од 4,17 метри, нуди удобен простор за 5 лица, прегради за предмети однапред, просторност на врвот во категоријата, располага со електрична автономија од преку 400 km (WLTP комбиниран циклус) и над 600 km во град (WLTP урбан циклус) и е опремен со најновата генерација на функции за безбедност.

На располагање се 2 различни full-electric, Новиот Fiat 600e La Prima и Новиот Fiat (600e)RED, е идеално решение за семејствата кои можат да уживаат во италијанскиот стил на живеење Dolce Vita, но без да се заборави на околината и на општествената одговорност.

Нов Fiat 600e

Достапен во верзија со 5 врати, Новиот Fiat 600e нуди неверојатна просторност, со 5-те седишта и внатрешни простори за предмети од 15 литри. Корисниците на автомобилот можат да ги сместуваат своите предмети во „паметниот“ централен тунел, со прилагоден поклопец и флексибилни држачи за чаши кои овозможуваат удобни паузи, во џебовите на седиштата и стратешките предни простори за предмети. Со зафатнина од 360 литри, багажникот е исто така дарежлив, со големина во согласност со понудата на B-SUV.

Покрај разновидноста на просторот, Fiat 600e може да се пофали со одлични електрични перформанси. Литиум-јонските батерии со капацитет од 54 kWh нудат автономија од преку 400 km во комбинираниот циклус WLTP и преку 600 km во градскиот циклус, што го прави Новиот Fiat 600e идеално возило и за секојдневно движење низ градот и за патувања за време на викендите.

За да се подобри времето на полнење, Новиот 600e е опремен со систем до 100 kW кој овозможува брзо полнење на батеријата: потребно е помалку од половина час за да се наполни батеријата до 80%, време за кратка пауза за јадење.

Опремен е и со стандарден вграден полнач од 11 kW и кабел Mode 3, кој гарантира целосно полнење за помалку од 6 часа на јавните станици за полнење.

Моторот испорачува моќност од 115 kW, со забрзување од 0 до 100 km/h за 9,0 секунди. Fiat 600e нуди голема слобода на избор: благодарение на трите режими на возење што може да се изберат (Eco, Normale, Sport), секој корисник може да го најде својот стил зад воланот.

До средината на 2024 година, гамата ќе биде комплетирана со понуда и на хибриден мотор.

Икона однадвор, Dolce Vita однатре

Новиот Fiat 600e, може да се нарече “поголем брат” на 500e, го зема името од оригиналниот 600 и нуди младешки стил. Дизајнот на внатрешноста и на надворешноста совршено ја отелотворува филозофијата и убавината на Dolce Vita. Накратко, Новиот Fiat 600e нуди уживање на сите сетила, а неговите корени навлегуваат длабоко во единствената италијанска ДНК.

Во споредба со Новиот 500, се одликува со поостри и поодлучни линии во предниот дел, нов  хромиран знак 600 и однапред и од страните и нови LED предни светла. Надворешниот изглед, префинет, но секогаш динамичен, е подобрен со поголемите тркала (до 18” и дијаметар од 690 mm), црни странични спојлери и поткрила над тркалата, додека типичниот италијански стил е претставен и со италијанското знаме на задниот браник. Неколку елегантни одлики ги истакнуваат надворешните линии, како што се црните детали со висок сјај, хромирани детали и сјајните елементи на задните светла.

Однатре, Новиот Fiat 600e совршено ја изразува убавината и италијанскиот стил на живеење Dolce Vita и целата поп-душа на марката, благодарение на бројните карактеристики, дизајнирани така, да понудат максимална можна удобност. Пред сè, Новиот Fiat 600e е првиот компактен автомобил што нуди функција за хромотерапија. Корисниците можат да изберат до 8 различни бои и за амбиенталното светло и за радиото, со претходно дефинирана комбинација на нијанси и вкупно 64 различни комбинации што може да се изберат, за неспоредливото доживување на потонување во боја. За максимална релаксација по долго патување или напорен ден на работа и за да се обезбеди доживување на вистински италијански спа-центар возачкото седиште има електрично прилагодување на навалување и функција за масажа на грбот.

Новиот Fiat 600e нуди и седишта со синтетичка кожа во боја на слонова коска со монограм FIAT со тиркизни акценти и систем за греење на 3 нивоа. Потоа, за удобно и пријатно возење, опремата е комплетирана со патосници од велур, делливи задни седишта на преклоп  (60-40), USB порти тип А и тип C + тип C за вториот ред, безжичен полнач за паметен телефон, како и функцијата keyless entry – отворање без вметнување на клучот во брава, благодарение на сензорот за близина (за никогаш да не го заборавите отворен автомобилот).

Поврзување и авангардни безбедносни функции

Новиот Fiat 600e е спремен за секојдневна употреба благодарение на најновата генерација безбедносните системи за помош. Моделот нуди систем за асистенција на возачот од ниво 2 за што побезбедно патување.

Адаптивниот темпомат (Adaptive Cruise Control ACC) запира или забрзува како одговор на кој било автомобил во близина; Интелигентната помош за брзина (Intelligent Speed Assist) го чита ограничувањето на брзината од сообраќајниот знак и препорачува да се почитува, додека пак функцијата за откривање слеп агол (Blind Spot Detection) користи ултразвучни сензори за следење на слепите агли и, благодарение на предупредувачките светла во ретровизорите, предупредува на присуство на какви било пречки.

Опремата со првокласна технологија, ги вклучува и: функцијата Stop&Go, електричната кочница за паркирање, автономното кочење при итни случаи во присуство на велосипедисти и пешаци и функцијата Drowsy Driver Detection, за следење на степенот на будност на возачот. Сензорите од 360° и гледањето одзади за 180° овозможено од задната камера, опремена со динамична мрежа, помагаат да се избегнат пречките за време на маневри за паркирање или сложени маневри.

Во поглед на удобноста и поврзувањето, Новиот Fiat 600e може да се пофали со бројни карактеристики кои ќе го направат секое патување попријатно и поудобно. Електричната задна врата се отвора автоматски, вистинска радост за оние кои секогаш имаат полни раце работа, на што се придодава клима-уред и сензорите за светлина и дожд. Понудата е комплетирана со аудио-систем со 6 звучници, радио кое може да се персонализира од 10,25″ со Navi, CarPlay и

безжичен Android Auto, 7″ дигитална контролна табла и поврзани услуги. За понатамошна поддршка на корисниците, Fiat 600e нуди Uconnect, како и гласовни команди за комуникација со вградениот систем за навигација, системот Tom Tom, чии мапи автоматски се ажурираат и се во состојба да ги прикажат сите станици за полнење достапни на патот и да обезбедат информации во реално време за бесплатно паркирање во близина на јавни патишта, заштедувајќи време и пари .

Конечно, благодарение на апликацијата FIAT, уживањето во максимална удобност никогаш не било толку лесно: софтверот обезбедува различни далечински команди за користење на функциите на возилото (на пр. вклучување на светлата, сирена, централно отворање/затворање на вратите, греење или климатизација).

Врв на гамата – верзијата La Prima и најпристапната верзија (RED)

Совршен за млади корисници кои бараат еколошко и етичко решение за движење, новиот Fiat (600e)RED ја претставува најпристапната верзија на Новиот Fiat 600e, којашто е уште еден чекор напред во партнерството со (RED) лансирано во 2021 година и управувано од убедувањето дека секој може да биде протагонист на промените. Следејќи ги стапките на Новиот (500)RED, чија мисија е „добро за луѓето и за планетата“; овој нов електричен модел ја зачувува околината и помага за да се создаде поодржлива иднина. Сега, мисијата оди понатаму со (RED), организација основана во 2006 година за борба против СИДА-та и да се осигура дека оваа болест може да се спречи и да се лекува за секого.

Новиот Fiat (600e) RED  ја присвои како своја црвената боја, како за надворешноста (од каросеријата до предното и задното лого), така и за внатрешноста, за шал-таблата и дизајнерските детали на ексклузивните седишта од рециклиран материјал. (RED) обложената интелигентна централна конзола дополнително го нагласува партнерството. За поголема персонализација, автомобилот е достапен уште во две бои: црна и бела.

Новиот Fiat 600e La Prima нуди максимум во однос на стилот, технологијата и удобноста за да гарантира доживување на целосно потопување во типичната Dolce Vita. Моделот е достапен во 4 различни бои кои асоцираат на убавината и природните италијански пејзажи: ARANCIO SOLE D’ITALIA (ПОРТОКАЛОВА – ИТАЛИЈАНСКО СОНЦЕ), VERDE MARE D’ITALIA (ЗЕЛЕНА – ИТАЛИЈАНСКО МОРЕ), SABBIA TERRA D’ITALIA (ПЕСОЧНА – ИТЛИЈАНСКА ЗЕМЈА), AZZURRO CIELO D’ITALIA (АЗУРНА – ИТАЛИЈАНСКО НЕБО).

Во Италија ќе може да се нарачува како Новиот Fiat (600e)RED така и верзијата La Prima почнувајќи од 5 јули, а првите возила се очекуваат да се појават на пазарот во Италија во месец септември годинава.