Skip to content Skip to navigation
Торино, 1 февруари 2024

Италијанците го сакаат новиот Фиат 600e: од страна на жирито составено од читателите на списанието Quattroruote доделена му е наградата “Новитет на 2024”

Новиот електричен автомобил на ФИАТ, 600e, ја освои наградата на списаниоето Quattroruote „Новитет на 2024”.

Фиат 600e е автомобилот кој го избраа читателите на Quattrouote, кои гласаа онлајн на интернет-страницата и на социјалните канали, каде што можеа да изберат меѓи 20те кандидати, избрани од редакцијата, а спаѓаат меѓу најинтересните новитети претставени во 2023 година.

Оливие Франсоа, директор на ФИАТ и Global Stellantis CMO, прокоментира: “Ова признание ме прави навистина среќен, не само поради самата награда, туку и поради она што таа го претставува. Внимателните читатели на Quattroruote, кои секогаш знаат што сакаат и бараат, одговорија со сето свое срце со награда за новиот Фиат 600 кој со додавање на хибридна верзија до крајот на годината ќе стане новиот автомобил за италијанските семејства, со кои делиме долгогодишна љубов повеќе од еден век.

Наградата претставува важно признание за ФИАТ во Италија, која е и меѓу првите земји коишто го лансираа големиот брат на 500e. Тоа е исто така знак дека искусните читатели на Quattroruote го поддржуваат враќањето на марката во В-сегментот со неговиот иконски италијански стил. Всушност, Фиат 600e, претставува следна фаза на патот кон електрификација на ФИАТ,  дизајниран и конструиран во Италија и ја отелотворува италијанската убавина и филозофија на Долче Вита. Фиат 600 веќе ја прошири својата гама со лансирањето на 600 Hybrid, дизајниран да го направи преминот кон поодржлива и електрифицирана мобилност уште полесна.

Ова е осми успех на ФИАТ на годишната награда DI Quattroruote, организиран од 2000 година и сега на неговото 25-то издание. Најновите успеси датираат од 2021 година со 500e, на кој му претходеа 500X (2016), 500 L (2013), 500 (2008), Punto (2006), Panda (2004) и Stilo (2002) .

Што се однесува до 600e, најновиот електричен модел лансиран од ФИАТ, тој веќе освои три награди од неговото лансирање, потврдувајќи го неговото прифаќање низ цела Европа: Auto Europa „Награда од читателите“ 2024 година, освоена минатиот октомври, и германската „Carwow Car of the Year 2024“ во категоријата „Citycars“ минатиот декември.

 

Торино, 1 февруари 2024