· За прославата на неговата 70-та годишнина, ФИАТ и Абарт ќе го поддржат чудесниот Фиат 600 од 1955 година кој ќе учествува на трката 1000 Милји со комплетно женски екипаж, со што ќе оддаде признание на генијалецот Данте Џакоза, конструкторот на овој модел.
· Како поддршка на историскиот Фиат 600, ќе бидат присутни и хибридните и електричните верзии на Фиат 600, како и моќниот Абарт 600e — симболи на мостот помеѓу минатото и иднината.
· 43-то издание на трката 1000 Милји ќе се одржи од 17 до 21 јуни 2025, а на истата ќе учествуваат преку 400 историски автомобили со натпис “на осум“ инспириран од традицијата.
ФИАТ ќе учествува на трката 1000 Милји 2025 година, прославувајќи ја 70 годишнината на чудесниот Фиат 600, создаден 1955 година. Заедно со историскиот 600, ќе има и неколку „Автомобили за поддршка“ – Фиат 600 Хибрид и Абарт 600e – со кои ФИАТ и Абарт ја потврдуваат својата улога како чувари на уникатно наследство, за кои е својствено да комбинираат меморија и визија, традиција и иновација, по патеките на најубавата трка во светот.
Ова издание на трката 1000 Милји има посебно значење за ФИАТ. Годинава ФИАТ оддава почит на исконската улога што ја одигра Фиат 600 во историјата на Италија. На стартната позиција ќе се најде редок примерок на Фиат 600 од 1955 година, прва серија, во светло-сина боја. Овој примерок се чува во Историскиот центар на Фиат во Торино.
На трката, зад воланот на Фиат 600 од 1955 година ќе има комплетно женски екипаж: Лаура Конфалониери, заменик директор на Руотекласичи и Валентина Менаси, новинарка и соработничка на Ил Џорнале. И двете, специјализирани новинари и страсни поддржувачи на автомобилското наследство, совршено го отелотворуваат духот на оваа прослава.
ФИАТ и Абарт гордо ќе ги придружуваат историските автомобили по рутата на трката 1000 Милји со серија „Автомобили за поддршка“, како составен дел на екипата која оддава почит на наследството на легендарниот Фиат 600 од 1955 година.
Чудесниот Фиат 600 од 1955
Фиат 600 е дел од историјата и симбол на амбицијата за моторизација на повоена Италија, застанувајќи рамо до рамо, за на крајот и да го надмине омилениот 500 „Тополино“. Неговото присуство на трката, исто така претставува и оддавање почесбна почит Данте Џакоза, најпознатиот дизајнер на ФИАТ, чиј 120-ти роденден ќе се одбележи во 2025 година. Џакоза остави неизбришлив белег во историјата на италијанскиот автомобилизам со величенствените модели како што се Тополино, 600 и 500 - автомобили кои помогнаа мобилноста да стане достапна за сите.
Автомобили за поддршка
Фиат 600 Хибрид
600 Хибрид е оопремен со ефикасна хибридна технологија, во чиј состав влегуваат новиот турбо мотор T-gen3 со иновативен автоматски менувач со двојна спојка, за глатко, елегантно и одржливо возење. Осмислен како вистинско италијанско надградување којшто го подобрува секојдневниот живот со поголем комфор, благодарение на петте врати и петте седишта, зголемената функционалност, багажникот од 385 литри и 15 дополнителни литри во просторите за предмети во внатрешноста на автомобилот. Пријатното чувство е нагласено преку амбиенталната хромотерапија и седиштето со функција за масажа кои го редефинираат значењето на комфорот при возење. Со потрошувачка на гориво од само 4,8 литри на 100 километри, 600 докажува дека стилот и ефикасноста може да одат рака под рака.
Абарт 600e
Марката Абарт ќе го претстави 600e, најмоќниот Абарт досега. Ексклузивниот 600e Scorpionissima (Најскорпијска) се користи како „Автомобил за придружба“ за историскиот Фиат 600 за време на настанот, како симбол на континуираната еволуција, почнувајќи од првите тркачки автомобили на Карко Абарт до новата ера на електрични иновации со високи перформанси.
Сè започна во 1950-тите, кога оригиналниот Фиат 600 ја започна револуцијата: благодарение на иновативните комплети за тркачки автомобил на Абарт, Фиат 600 беше трансформиран во тркачки автомобил, отворајќи го патот за создавање на автентични икони како што е 750 Aбарт и други автомобили, протагонисти на легендарните настани како што е 1000 Милји. Денес, повеќе од само спортски автомобил - со своите 280 КС, електричен мотор од 207 kW и забрзување од 0 до 100 km/h за само 5,85 секунди - Aбарт 600e го отелотворува враќањето на натпреварувачката ДНК на марката: производ на напредната технологија на Стелантис Моторспорт и инженерската стручност на Aбарт.
43-то издание на 1000 Mилји, легендарната трка на автомобили „од времето“, на која од 17 до 21 јуни 2025 година учествуваа над 400 возила ја поминаа патеката Бреша-Рим-Бреша. Овогодинешниот настан се движи по патека во форма на „осумка“ инспирирана од онаа на првите 12 изданија на брзинската трка 1000 Mилји, навраќајќи се на потеклото на една од најголемите легенди на италијанскиот мотоспорт.