ФИАТ го претставува манифестот на Гранде Панда 4x4: смела реинтерпретација на една икона, за да го оживее сонот за авантура надвор од патот

ФИАТ ГО ПОТВРДУВА СВОЕТО МЕСТО НА ПАЗАРОТ СО ДЕБИТОТО НА НОВИОТ КОНЦЕПТ НА ГРАНДЕ ПАНДА 4X4 – ЛЕГЕНДАРНА ИКОНА СО НОВ ИЗГЛЕД ЗА ДА ЈА ДОЛОВИ ИМАГИНАЦИЈАТА НА ВОЗАЧИТЕ НИЗ ЦЕЛИОТ СВЕТ.

Новото поглавје во историјата на италијанската марка е обележано со модел што ветува дека ќе биде вистински симбол на сестраност, сигурност и слобода на четири тркала. Со поглед свртен кон иднината, проектот за новата Гранде Панда 4x4 е наменет да стане манифест на нова и подновена визија за одржлива мобилност - визија која се заснова на иновации, во склад со актуелните трендови, но без откажување од карактеристиките што го направија овој модел посакуван низ целиот свет.

Фиат Панда 4x4 е модел лансиран 1983 година, и веднаш освои генерации ентузијасти благодарение на единствената комбинација на практичност, удобност и елеганција, стокмени во компактен формат кој има способност да се справи со каков и да е терен. Мал однадвор, паметно распореден однатре, со доволно простор, со возење погодно за секојдневна употреба во комбинација со значителни теренски можности, со то ја отелотвори совршената рамнотежа помеѓу градски автомобил и теренско возило. Тоа беше вистинска револуција во движењето: достапен, за разноврсна намена и посакауван од секого.

Откриен на јавноста на настанот со наслов Гранде Панда Хибрид Медиа Драјв, проектот осмислен како директниот потомок на Панда 4x4 нè потсетува дека традицијата и иновацијата се суштинските состојки за градење наследство со историско значење. Со својот дух насочен кон иднината, концептот на новата Гранде Панда 4x4 претставува врвен израз на идеја која е во постојана еволуција, почетна точка - основа за патување полно со емоции.

Од техничка гледна точка, прототипот на Гранде Панда 4x4 е дизајниран со иновативна електрифицирана задна оска. Ова решение му овозможува на возилото изненадувачки добро однесување и во градскат средина и на предизвикувачки терени. Прецизен избор, кој ја потврдува постојаната посветеност на ФИАТ за усвојување на сè поодржливи технологии, ориентирани кон иднината, задржувајќи го авантуристичкиот дух и секојдневната практичност што отсекогаш се главната одлика Панда 4x4.

Дизајнот – столб на филозофијата на италијанската марка – е одново осмислен, со смели и препознатливи детали. Изборот на материјали и бои е инспириран од концептите на слобода, авантура и желбата за сплотување со природата. Иконската, темноцрвена боја на каросеријата е реинтерпретирана на современ начин, додека деталите во беж боја му додаваат на моделот допир на носталгија за иконскиот 4x4. Потенцијалното следно возило со погон на сите тркала од ФИАТ има две дополнителни светла на покривот, покрај предните, со можност за доопремување со дополнителна опрема.

Со оваа модерна реинтерпретација на Панда 4x4, ФИАТ ја искажува желбата за спојување на традицијата и иновацијата, одговарајќи на потребите на мобилноста која е во постојана еволуција, секоигаш задржувајќи ја автентичната и популарна суштина на моделот.