Fiat Grande Panda ја освои престижната награда „Ред Дот“ за 2025 година во категоријата „Дизајн на производ“, прославувајќи го така својот единствен и иновативен дизајн на внатрешноста и надворешноста.
Призната по својата оригиналност, одржливост и препознатлив италијански стил, Grande Panda се издвојува со карактеристики како што се Пиксел ЛЕД предни светла, рециклиран ентериер и ексклузивна инструмент-табла во бамбус стил изработена од бамбусов материјал Tex®.
FIAT повторно ја освои престижната награда „Ред Дот“ во категоријата „Дизајн на производ“ за моделот Grande Panda, препознтлива по нејзиниот исклучителен дизајн на внатрешноста и надворешноста, означувајќи уште еден значаен пресврт на меѓународната автомобилска сцена. Престижните награди, доделени од меѓународно жири од 43 водечки експерти за дизајн и академски експерти, беа доделени за време на Ноќта на дизајнерите во градот Есен, Германија.
Оливие Франсоа, извршен директор на FIAT и главен маркетинг директор на Стелантис Глобал, изјави: „Нашата цел со Grande Panda беше да ги искомбинираме едноставноста, генијалноста и стилот. Освојувањето на наградата „Ред Дот“ со автомобил кој толку совршено ја отелотворува еволуцијата на Фиатовата ДНК е голема гордост. Сметаме дека оваа престижна награда е знак дека одговорната мобилност сè уште може да предизвика емоции.“
Grande Panda го означува смелото враќање на FIAT во Б-сегментот, категорија во која марката доминира со децении. Инспирирана од иконската Панда од 1980-тите и дизајнирана во Центарот за стил во Торино, новиот модел ги спојува традицијата и иновацијата. Карактеристична црта е Пиксел ЛЕД осветлувањето, со елементи инспирирани од пиксели кои се протегаат од горната решетка до фаровите, потсетувајќи на ретро видео игри и на кубните прозорци на зградата Лингото. Понатаму, за прв пат во автомобилската индустрија, алуминиумот и пластиката од рециклираните кутии за пијалоци се интегрирани во синиот ентериер од пластика, што е еквивалентно на 140 кутии по возило. FIAT, исто така, отвора нови патишта со BAMBOX Bamboo Fiber Tex®, одржлива ткаенина на база на бамбус што се користи за инструмент-таблата на верзијата La Prima на Grande Panda, што е уште еден чекор напред во комбинирањето на стилот и одговорноста.
Франсоа Лебуан, Извршниот директор на Фиат Дизајн, го искажа својот ентузијазам: "Co Grande Panda, нашата цел е да се реинтерпретира саканата икона на современ начин, сочинувајќи емоционален дизајн и функционалност, како посебно обележје на италијанската креативност. Сакавме да создадеме повеќе од автомобил: симбол за тоа како Fiat може да одговори на новите потреби за мобилност со генијалност и стил. Во вистински италијански стил, „забавата ја следи функцијата“: нашиот дизајн инспирира радост не само преку естетика, туку и преку генијални и емотивни решенија. Освојувањето на наградата „Ред Дот“ е извонредно признание за целиот тим што работеше на проектот и прослава на италијанскиот дизајн во неговиот најдобар облик.
ИНФОРМАЦИИ ЗА НАГРАДИТЕ ЗА ДИЗАЈН "РЕД ДОТ"
Наградите за дизајн „Ред Дот“ имаат цврсти корени, со историја што датира од 1955 година. Признати глобално, како репер за извонредност во дизајнот, наградите за дизајн „Ред Дот“ ги прославуваат извонредните достигнувања во три клучни области: дизајн на производ, дизајн на марки и комуникација и концепт на дизајн. Секоја година, жири составено од меѓународни експерти ги оценува поднесените проекти врз основа на критериуми како што се оригиналност, естетски квалитет, употребливост и влијание врз животната средина.