Fiat Grande Panda e финалист во изборот за AUTOBEST 2026

   

Новата Grande Panda е финалист во избор за наградата AUTOBEST 2026, престижно автомобилско признание што ги слави најдобрите нови автомобили на пазарот во Европа веќе 25 години. Се одржува во 32 европски држави, а гласањето е комбинирано од стручното мислење на жири комисијата и гласовите на публиката.

Grande Panda гордо се наоѓа меѓу само шесте финалисти. Нејзиното место на тесната листа ја одразува идеалната комбинацијата на практичност, футуристички дизајн и врвна технологија. Ова ја прави Grande Panda совршен секојдневен придружник во возењето.

Гласањето за публиката е отворено до 28.03.2026 на https://vote.autobest.org/, па ве очекуваме да ја поддржите Grande Panda со вашиот глас.

Посетете нè во салоните на Fiat во Македонија и уверете се зошто токму таа е еден од највозбудливите (мали) автомобили во Европа оваа година.