ЗБОГУМ НА СИВАТА, ДОБРЕДОЈДЕ ЗА ЖИВИТЕ БОИ!

 

 

  • “ИТАЛИЈА. ЗЕМЈА НА ЖИВИТЕ БОИ.​ ФИАТ. МАРКА НА ЖИВИТЕ БОИ”. Денес е пресвртница за марката ФИАТ и нејзиниот имиџ. ФИАТ престанува со производство на сиви бои и го претставува сосем новиот, свет на живи бои.
  • ФИАТ е првиот производител на автомобили кој го донесе ова револуционерно решение, почнувајќи од новиот ФИАТ 600e.
  • Од денес, боите на сегашноста и на иднината на ФИАТ се инспирирани од италијанското море, сонце, земја и небо, и такви се и називите Italian Sea, Sun, Earth и Sky.
  • Мобилноста ќе биде во живи и ведри бои, повеќе од ога и да е досега: ФИАТ се нурнува во вистински предизвик, како што е прикажано на видеото кое може да се погледене овде.

Од денес, ФИАТ престанува со производство на сиви автомобили. Решението е донесеноза да се истакне важноста на боите во животот, отелотворувајќи го италијанскиот начин на живеење и потврдувајќи ја вредноста на новиот Dolce Vita стил на марката.

Италија се поврзува со живи и ведри бои како што се Морето на Италија (Sea of Italy), Сонцето на Италија (Sun of Italy), Земјата на Италија (Earth of Italy) и Небото на Италија (Sky of Italy); пејзажи кои ѝ даваат на марката ФИАТ инспирација за боите на автомобилите. Стратегијата се имплементира за да се додаде посебна карактеристика на автомобилите на ФИАТ на автомобилскиот пазар, бидејќи 2023 година е година на извонредна промена за марката.

“Ги прекршуваме правилата: донесовме решение да престанеме со производство на автомобили ФИАТ во сива боја. Ова решение е предизвикувачко и апсолутно невообичаено и има за цел дополнително да го зајакне лидерството на ФИАТ како марка која носи радост и оптимизам преку боите. Италија е земја на боите и, почнувајќи од денес, и автомобилите на ФИАТ – изјави Оливие Франсоа, главен извршен директор на ФИАТ и глобален маркетинг директор во Стелантис – Овој избор дополнително им ги пренесува на луѓето вредностите на новиот стил Dolce vita и италијанската ДНК отелотворена во марката. ФИАТ сака да ги инспирира луѓето да живеат со оптимизам и позитивност и затоа, ова е една од мисиите на новиот електричен ФИАТ 600e, за семејството и пријателите, кој ќе биде претставен на 4 јули.”

Во новото наменско видео, благодарение на кое купувачите можат да го откријат сосем новиот свет на ФИАТ во живи и ведри бои, Оливие Франсоа, зад воланот на новиот ФИАТ 600e се нурнува во боја, под мотото “ИТАЛИЈА. ЗЕМЈА НА ЖИВИТЕ БОИ.​ ФИАТ. МАРКА НА ЖИВИТЕ БОИ”.

Актуелната гама на ФИАТ – Новиот 500, 500 Hybrid, 500X, Panda и Tipo – е достапна во различни нијанси на бои, меѓу кои: Gelato – мразовобела, Sicilia – светлопортокалова, Paprika – јаркопортокалова, Passione – јаркоцрвена, Blu Dipinto di Blu – темносина, Italia – сина, Venezia – мастилосина, Rugiada – светлозелена, Foresta – темнозелена, Rose gold – розовозлатна и Cinema – црна. Сите со назив кој потсетува на прекрасните италијански пејзажи и Dolce vita расположение.