Skip to content Skip to navigation
Торино, 23 февруари 2023

ФИАТ ВО 2022 Е ВОДЕЧКА МАРКА ВО СВЕТСКИ РАМКИ ВО ГРУПАЦИЈАТА СТЕЛАНТИС И НЕОСПОРЕН ЛИДЕР ВО БРАЗИЛ, ИТАЛИЈА И ТУРЦИЈА

• Во 2022, ФИАТ како број еден марка придонесе за достигнувањето на Групацијата Стелантис од преку 1.2 милиони продадени возила на светско ниво.
• ФИАТ ја покажа својата сила и уникатност благодарение на добро избалансираната географска присутност и неприкосновеното лидерство во Бразил со 21,9% учество на пазарот, во Италија и Турција.
• Новиот 500 на ФИАТ е најпродаваниот BEV на Стелантис и е на трето место на 10-те најголеми европски пазари, во Италија е на прво место, втор во Шпанија и трет во Германија.

Групацијата Стелантис штотуку ги објави резултатите, остварени во 2022 година. Меѓу клучните играчи во оваа нова ера, марката ФИАТ успеа да го потврди своето лидерство на светско ниво со остварени значајни резултати.

Оливие Франсоа, извршниот директор на ФИАТ и CMO Global на групацијата Стелантис, кажа: „ФИАТ уште еднаш го потврди својот успех на светско ниво, придонесувајќи значително за резултатите на Групацијата. Што се однесува до обемот на продажба, ФИАТ е водечка марка во групацијата Стелантис со повеќе од 1,2 милиони возила регистрирани во 2022 година, вклучувајќи ги возилата ФИАТ, Абарт и Фиат Професионал. Ние сме апсолутен лидер на пазарот во Бразил, Италија и Турција и забрзано се движиме кон одржлива иднина со електричниот Нов 500, кој достигна бројка од 120 илјади регистрирани автомобили во 2022 година од неговото лансирање. И благодарение на синергиите вградени во Групацијата Стелантис, во 2023 година ФИАТ ќе продолжи да нуди општествено релевантни решенија, претставувајќи четири нови производи.”

Во Европа ФИАТ отсекогаш бил лидер на пазарот на градски автомобили. Поточно, во контекст на зголеменото внимание посветено на прашањата за заштита на животната околина, минатата година Новиот 500 – електричната икона на ФИАТ – забелеша бројка од преку 66.000 возила од 120.000 на светско ниво од неговото лансирање. Овој неверојатен успех го прави најпродаваниот електричен автомобил на италијанскиот пазар, втор во Шпанија и трет во Германија. И не само тоа, Новиот 500 е третото најпродавано BEV на 10-те најголеми европски пазари и е најпродавано електрично возило на Групацијата Стелантис во сегментот на градски автомобили. Треба да се истакне и дека перформансите на ФИАТ 500 и ФИАТ Панда, двете икони, следствено прв и втор во сегментот, заедно постигнаа учество на пазарот од 43,8% во текот на годината, потврдувајќи го европското лидерство на ФИАТ. На крајот, марката беше број еден во Италија со остварено учество од 15,1%.

ФИАТ е убедливо најпродаваната марка во Јужна Америка, со 13,6% учество на пазарот и апсолутен лидер во Бразил, најважниот пазар за марката. Во 2022 година забележа бројка од преку 430.000 регистрирани возила, со остварено учество од 21,9% – најдобри негови годишни достигнувања, како и најдобри достигнувања на која било марка во изминатата деценија. Извонредни резултати постигнати благодарение на некои модели кои ги освоија срцата на Бразилците во различни сегменти: 24,7% учество кај малите автомобили, речиси 50% кај пикапите и 37,1% во категоријата на комбиња. И втора година по ред, ФИАТ Strada е најпродаваното возило исто како што ФИАТ Toro е најкупуваниот С-пикап во земјата. Седанот Cronos добро се покажа, со 49% поголема продажба во однос на 2021 година, како и компактниот SUV Pulse, кој надмина 50 илјади продадени возила во годината.

Настапот во регионот на Блискиот Исток и Африка (МЕА) е доста забележителен, особено на турскиот пазар каде ФИАТ, четврта година по ред, е најпродаваната марка со 18,7% учество на пазарот. Апсолутна ѕвезда, дефинитивно, е ФИАТ Tipo, кој ги освои титулите за Најпродаван автомобил во земјата и за „Крал“ во неговиот сегмент, префериран кај повеќе од 50% од купувачите.