Skip to content Skip to navigation
Торино, 14 март 2023

FIAT UNO: „РЕВОЛУЦИОНЕРНАТА“ КОМУНИКАЦИЈА НА ФОРАТИНИ ОД ПРЕД 40 ГОДИНИ

  • Кампањатадоверена на карикатурист е транспонирање на работата на автомобилот во светот на фантазијата.
  • Пингвинчето, порцеланската касичка – прасенце и двете слончиња, на ироничен и лежерен начин ja претставуваат пoсебноста на новиот Fiat Uno: најмодерниот автомобил на времето.
  • Во секојдневниот говор влегуваат новонастанатите зборови шик“, “удобен“, “моќен” и “штедлив“.
  • Музичката картичка Гласот на Uno!” покануваше да се влезе во продажното место за да се открие овој автомобил.
  • Цртежот со молив, како ефикасен инструмент за раскажување на комплекните технологии на денешните автомобили.
  • Uno е легендарен модел кој го надмина најстрогиот судија: времето.
  • На следниов линк сугестивно видео со архивски слики и интервенциите на Роберто Џолито, директорот на одделот Heritage на Стелантис, (Алфа Ромео, Фиат, Ланча, Абарт), и Маурицио Торкиодиректор на Историскиот центар на Фиат.

Уште од лансирањето во 1983, беше јасно дека Fiat Uno ќе ја редефинира парадигмата за градските автомобили и ќе ја промени историјата на италијанската марка. Тоа го покажа огромната ивестиција за неговата реализација, повеќе од илјада милијарди лири, како изворот да биде претставен на Кејп Канаверал (Флорида), седиштето на американското воздухопловство од каде полета и слета најнапредниот авион во светот: Шатлот.

Оттука, храбрата комбинација, која одлично му одговараше на најиновативниот автомобил во сегментот, прогласен за „Автомобил на годината“ во 1984 година, како и првиот што „дијалогираше“ преку иронична, лесна комуникација со ултрамодерен јазик. И токму ова вкрстување, преку  сугестивен видео-клип, создаден од страна на одделот Heritage на Стелантис, се фокусира на оваа а посебност на Fiat Uno, со архивски слики и говори на Роберто Џолито, директорот на одделот Heritage на Стелантис, (Алфа Ромео, Фиат, Ланча, Абарт), и Маурицио Торкио, директор на Историскиот центар на Фиат.

Клипот може да се гледа на следниов  линк.

За да го направи својот технолошки скапоцен камен познат на пошироката јавност, Фиат се потпра на рекламна кампања надвор од шемата, која го носи потписот на најпознатиот карикатурист од тоа време: Џорџо Форатини. Тоа е време на стриповите на Бонели, јапонските цртани филмови и италијанските епизоди од серијата „Wacky races“. Илустрацијата сè повеќе ја следат младите, исто како што сатирата со молив се претвора во остар едиторијал кој, во непосредна употреба, ја отвора вратата за следствено подлабоко размислување.

“Кампањата доверена на Форатини е нарушувачка, револуционерна затоа што е транспонирање на работата на автомобилот во светот на фантазијата – објаснува Роберто Џолито -. Всушност, на класичните прашања на јавноста: „како функционира?“, „како изгледа?“, „дали е евтин за користење?“ и „како се однесува на пат?“, одговара познатиот цртач со убави ликови кои го заменуваат автомобилот: слончињата, пингвинчето и порцеланската касичка – прасенце. Некогаш беше модерно на автомобилите да им се даваат имиња инспирирани од животни, на пример Фиат 500 A, беше познат по прекарот „Тополино“ (Мики Маус). Наместо тоа, Форатини измислува вистински ликови кои го воодушевуваат светот со проширување на кампањата на сите старосни групи: им се допаѓа на децата, но и на луѓето навикнати на квалитетна сатира”.

Револуционерна” комуникациска кампања

Карикатурите на Форатини многу брзо стануваат препознатливи, заедно со новонастанатите зборови кои карикатуристот ги создава токму за оваа пригода: “шик”, “удобен”, “моќен”, “штедлив”. Нови придавки кои, на ироничен и лежерен начин, раскажуваат за посебноста на новото Fiat Uno. И толку се снажни, што веднаш влегуваат во секојдневниот јазик. Секако дека отсекогаш комуникацијата произведувала новонастанати зборови кои стануваат вирални, благодарение на нивната способност да ја поврзат сликата со зборот на недвојбен начин. Маурицио Торкио потсетува: “Употребата на новите зборовите, всушност се проширува веднаш, на самиот почеток.“

 

На секој новонастанат збор одговара една посебна карактеристика на автомобилот и е предност за корисникот

„Моќното“ слонче ја истакнува извонредноста на моторите на Fiat Uno, во три различни работни зафатнини и две моќности, вклучително и најмалиот аспириран дизел на пазарот. Но, вистинското „срце“ кое ќе ја промени историјата на моделот, и на целата италијанска марка ќе дојде две години подоцна: токму на Fiat Uno дебитира легендарниот мотор FIRE 1.0. Што да се каже за второто слонче на Форатини? И денес, неговата форма на софа, покриена со мали цветови, буди нежност и радост. А, зад придавката „удобен“ се крие големата просторност на автомобилот, како напред, така и позади, толку да наликува на мал моноволуменец ante litteram co кој спокојно може да се тргне на долго патување. Третата личност е елегантното пингвинче, како пресликување на новонастанатата придавка “шик”, која го истакнува високиот квалитет на конструкцијата и дизајнот на Џуџаро кој се издвојува над останатите. Конечно, порцеланската касичка – прасенце, ги насочува рефлектрите кон „штедливиот“ дух на моделот, во однос на потрошувачките и работното чинење.

Здраво, јас сум новото Fiat Uno!“, оригинален поздрав, снимен на плоча од винил

Кампањата на Форатини функционираше толку добро, што ги надмина границите на рекламирањет и навлезе во секојдневниот живот. А сепак, зад таа лесна и иронична комуникација, се криеше сета гордост на индустриската групација полна со најсовремени технологии и процеси. Добро може да се види дека „Еден е ФИАТ“, украсен со познатите четири искосени букви ФИАТ. Ова се ознаки на силна и јасна институционална слика.

Карикатурите на Форатини не беа единствените кои го придружуваа лансирањето на новиот автомобил. Како да не се потсетиме на незаборавната изјава „прекрасен италијански“? Или забавните ТВ реклами со калуѓерката што не знаеше да вози или онаа со младиот пар под водопад со Uno во близина? И тука сеќавањето веднаш оди на оние филмови со егзотични контексти, како Сината лагуна (1980) и Рајот (1982), кои ги натераа тогашните млади луѓе да сонуваат.

Оригинална беше и промотивната разгледница со наслов „Гласот на Uno!“ која покануваше да се посети продажното место за да се открие. Ковертот беше отворен, а горниот дел беше превиткан, и тука имаше челична игла, која беше поставена на дискот долу. И, ако се вметнеше прстот во шуплината на винилот и се завртеше со брзина од 45 вртежи во минута, како со магија, особено за малите, се слушаше женски глас кој вели: „Здраво, јас сум новиот Fiat Uno!“. Уште еднаш марката ја погоди целта.

Карикатурата со молив како ефективна и актуелна алатка за опишување на производ

Кампањата на Форатини ни остава во наследство начин на раскажување кој е едноставен и, во исто време, длабок. И токму тоа е она што ние денес го нарекуваме раскажување приказна, односно расказ кој може да ја вклучи јавноста преку емоции, сеќавања, да создаде непосреден интерес. Иако тековните комуникациски кампањи повеќе не им се доверуваат на илустратори или карикатуристи, цртањето со молив би било многу ефикасна алатка за истакнување на суштинските карактеристики на производот, дури и на најсложените и технолошките. Роберто Џолито заклучува: „Денес, голем дел од информациите за возилото минуваат низ екраните на инструмент-таблата, кои пак се поврзани со екраните на нашите смартфони. Обвиени сме со визуелни и акустични пораки. Затоа, во овој контекст, моливот може да го истражува она што не е видено или допрено, да ја следи неговата употребливост и предностите, а потоа веднаш да ги пренесе на јавноста.”

Легендарен модел кој го надмина најстрогиот судијавремето

Fiat Uno се произведуваше во периодот помеѓу 1983 и 1995 година и постигна значаен успех, како во Италија, така и во странство. Тоа јасно го покажуваат бројките од девет милиони продадени автомобили и безбројните верзии кои, низ годините се надоврзуваа една на друга. Неговата долга историја започна на 19 јануари 1983 година кога е претставен на светското деби во Соединетите Држави, на настан кој постави стандард во светот на комуникацијата. Поминаа 40 години од создавањето на архетипот кој го промени начинот на кој живееме, комуницираме и произведуваме автомобили. И Selecta верзијата на Uno, опремена со постојано променлив автоматски менувач, е изложена во зоната за врвни ѕвезди на Heritage одделот во Торино, каде може да се најдат некои модели кои претставуваат револуција во архитектурата на автомобилот, притоа почитувајќи ги сите правила на продуктивноста и функционалноста. Fiat Uno, без сомнение, беше автентичен светски автомобил не само во поглед на продажбата, туку и на локациите каде што е конструиран. Понекогаш го менуваше своето име, како во Бразил каде што стана Mille, но беше практично недопрен од формална гледна точка, демонстрирајќи победнички проект во состојба да го надмине најстрогиот судија: времето.