Skip to content Skip to navigation
16-06-2023

ФИАТ УЧЕСТВУВАШЕ НА СВЕТСКАТА СРЕДБА ЗА ЧОВЕЧКО БРАТСТВО “NOT ALONE” СО ФИЛМОТ “OPEN DOORS” И ГИ ПОДДРЖУВА ПОРАКИТЕ ЗА ОТВОРАЊЕ И ИНКЛУЗИЈА

    • ФИАТ ја поддржува Светската средба за Братство меѓу луѓето “Not Alone” – „Не си сам“ организирана од Фондацијата “Fratelli Tutti” – „Сите сме браќа“ со специјалниот филм “Open Doors” – „Отворени врати“, кој може да се види овде.
    • Радикална промена: ФИАТ верува во принципите содржани во енцикликата (папско послание) „Fratelli Tutti“ за промовирање на братството и општественото единство и во ова гледа дополнителна можност да се создаде подобар свет за идните генерации.
    • ФИАТ го поддржа настанот и со цела флота, целосно електрични возила, со која обезбеди одржлив превоз на учесниците на Светската средба за Братство меѓу луѓето.

    ФИАТ ја поддржува Светската средба „Not Alone“ за братство меѓу луѓето, голем меѓународен настан организиран од ватиканската фондација „Fratelli Tutti“ што се одржа на плоштадот Свети Петар во Рим на 10 јуни.

    По тој повод, ФИАТ направи посебен филм кој има за цел да ги шири пораките за отвореност и инклузија кон другите култури, истите тие што ги споделува како глобална марка. “Open Doors”

    оддава почит на братството меѓу луѓето, така што го прикажува Fiat 600e, кој ги отвора своите врати за луѓето за време на првите постојки од својата глобална турнеја. Всушност, Неговата Светост Папата Фрањо во енцикликата „Fratelli Tutti“ поканува на една нова антрополошка парадигма со која ќе се реконструираат изборот и начинот на живот, програмите и визиите за светот, имајќи на ум дека братството има нешто позитивно да понуди за слободата и еднаквоста.

    “ФИАТ длабоко верува во визијата, вредностите и целите промовирани со енцикликата. Со филмот „Open Doors“ ФИАТ ги презема најинспиративните и најзначајните зборови на Светиот Отец за да ја истакне и дополнително да ја шири оваа порака за отвореност и братство. Како поддршка на фондацијата „Fratelli Tutti“ за Светската средба „Not Alone“ за братство меѓу луѓето „наш конкретен чин е дополнително да промовираме почит кон различни култури што е значајна за мисија за ФИАТ како глобална марка“ – рече Оливие Франсоа, главен извршен директор на ФИАТ и глобален главен маркетинг директор на Стелантис. – Заедничкото дејствување е клучот за градење надеж и има најголемо значење во пораката на Неговата Светост, Папата Франциско, да се засади семе што расте во совеста и конкретните постапки на сите заедници и граѓанското општество. Исто така, горди сме што го поддржуваме настанот обезбедувајќи одржлив превоз благодарение на флотата со нула емисии. Сето ова е дел од нашата визија да создадеме подобра иднина“. 

    Во филмот „Open Doors“ Fiat 600e минува низ различни градови во светот – од Хирошима до Буенос Аирес, Акра и Ерусалим – и симболично ги отвора вратите за да пречека луѓе од различни земји и култури, пред да пристигне на плоштадот Свети Петар, за да учествува на Светската средба на братство меѓу луѓето „Not Alone“. Видеото го раскажува млада девојка која зборува за проектот користејќи ги најзначајните и најпривлечните зборови на Светиот Отец.

    Флотата електрични возила на ФИАТ – составена од Fiat 500e, Fiat E-Doblò e Fiat E-Ulysse – обезбеди „зелена“ мобилност и одржлив превоз за учесниците на Средбата, со што посведочи за посветеноста на ФИАТ кон вредностите на екологијата и одржливоста во согласност со пораките промовирани од енцикликата „Laudato Sì” – „Фален биди, Господе!“.