Skip to content Skip to navigation
Торино, 29 февруари 2024

Fiat Pandina ја прославува љубовта кон моделот Panda и проширувањето на производството во фабриката во Помиљано д'Арко барем до 2027 година

  • Новата специјална серија Fiat Pandina е најдобро опремена Panda со технологија од кога и да е.
  • Fiat Panda ќе продолжи да се произведува во италијанската фабрика Помиљано д'Арко барем до 2027 година.
  • Производството ќе се зголеми за околу 20% за да го задоволи барањето на клиентите.

Денес FIAT ја претстави новата специјална серија Fiat Pandina. Датумот на презентација, 29 февруари оддава почит на историското лансирање на првата Panda во 1980 година, која на истиот датум му беше претставена на претседателот на Република Италија, Сандро Пертини. Прес-конференцијата, емитувана на YouTube (LINK), ја одржа Оливие Франсоа, извршен директор на FIAT и Глобален маркетинг директор на Стелантис, во фабриката Џанбатиста Вико во Помиљано д'Арко, во Јужна Италија, каде што Panda се произведува од 2011 година.

Оливие Франсоа, извршен директор на FIAT и Глобален маркетинг директор на Стелантис, изјави: "Новата Fiat Pandina оддава почит на љубовта на Италијанците кон моделот Panda. Всушност, "Pandina" е прекарот со кој Италијанците отсекогаш ја нарекуваа. Горд сум што ја претставувам оваа специјална серија на оцој посебен ден и можам да најавам и дека Panda ќе продолжи да се произведува во Помиљано д'Арко барем до 2027 година. Љубовната приказна помеѓу Panda и Италија, на овој начин, ќе продолжи за многумина во годините што доаѓаат, благодарение на новите инвестиции кои ја направија најдобро опремен модел, како  со технологија, така и со ситеми за безбедност. Денес, исто така, постои уште една причина за славење на Panda: одлучивме да го зголемиме производството за 20% за да ја задоволиме побарувачката на клиентите во Италија и Европа. Panda продолжува да биде лидер на пазарот во Италија и лидер во сегментот во Европа: исто така, Panda е единствениот хибрид од А сегментот на Групацијата".

Веќе четириесет и четири години Panda значи забава и општествена припадност, таа е икона и волшебна, Fiat Panda е лидер на пазарот во Италија и Европа, со продадени преку 8 милиони примероци во текот на своето постоење. Како и секоја Panda, така и специјалната серија Pandina е извонреден општествен автомобил кој се инспирира од вредностите кои ги поседува: едноставноста, креативноста и функционалноста.

Нејзиното име е оддавање почит на љубовта на сите оние кои оваа своја “животна сопатничка” од милост, ја нарекоа "Pandina".

Опремена со нови напредни системи за помош при возење (ADAS), нова дигитална контролна табла и нов волан, оваа специјална серија е најдобро досега опремена Panda со технологија и системи за безбедност. Со лансирањето на новата Pandina, FIAT прави огромен скок во иднината, подобрувајќи го искуството на клиентите, преку значајни новитети кои се однесуваат на безбедноста и технологијата, и истовремено ја задржува разновидноста и пристапноста, типични за овој иконски модел.

Специјалната серија Pandina е опремена со важни ажурирања во однос на системите за помош при возење ADAS, како и обично за FIAT кој нуди едноставни решенија за потребите на клиентите, а не за потрага по технологија како што отсекогаш било случај со Panda.

Стандардната опрема вклучува сосема нови функции, дизајнирани да му помогнат на возачот и во град и надвор од него: автоматско кочење при итен случај, за да се избегне судир или да се намали штетата во случај на судир, како што е случај при возење низ градскиот сообраќај; системот за одржување во коловозната лента; систем за откривање на замор кај возачот, кој го предупредува да направи пауза. Во опремата спаѓа и системот за препознавање на сообраќајните знаци, кој истите ги прикажува на новата, целосно дигитална, инструмент-табла од 7“.

Од безбедноста преминува кон практичноста, задните сензори за паркирање обезбедуваат максимално едноставно маневрирање при паркирање на преполните градски улици, додека темпоматот ја одржува поставената брзина - почнувајќи од 30 km/h - без потреба за притискање на педалот за гас. Долгите светла автоматски се вклучуваат или исклучуваат при потреба, што го олеснува ноќното возење за возачот. 6-те воздушни перничиња ја комплетираат стандардната безбедносна опрема.

Повеќето функции се помогнати од камерата поставена на внатрешниот ретровизор.

Специјалната серија им нуди на патниците нова целосно дигитална инструмент-табла од 7“ со три различни графички режими и нов волан. Pandina е опремена и со сосема ново DAB радио со екран на допир од 7“ со Apple CarPlay и Android AutoTM.

Од дизајнерска гледна точка, има нова табла во бела боја и нови седишта со втиснат монограм и лого „Pandina“, двојни жолти шевови, бели детали и Seaqual штоф, кој се состои од суровини добиени од морски отпад.

Надворешноста е збогатена со разиграни детали како што се: муцката на мечката панда на раткапните, заден дел на надворешните ретровизори во жолта боја, натпис Pandina на страничните лајсни и изгравиран натпис „Pandina“ на задното стакло.

Покрај постоечките бои - бела Gelato, црна Cinema, црвена Passione и сина Italia - Pandina нуди нова жолта боја -  Positano и нови двобојни комбинации (со контрастен црн покрив).

Новата специјална серија Pandina на главните европски пазари ќе биде достапна од ова лето.