Abarth 500e ја освојува својата прва награда: престижната награда за дизајн Autonis на Auto Motor und Sport
Новиот Abarth 500e од страна на читателите на специјализираното германско списание "Auto Motor und Sport" за еден од омилените автомобили со иновативен дизајн.
Co освоени 65,1% од гласовите, првиот, комплетно електричен модел на марката со Скорпијата ја доби наградата “Autonis” во категоријата “Minicar”. Оваа победа е уште една потврда за страста кон марката на Скорпијата на германскиот пазар, како што потврдуваат и бројните титули за “Best Car” – Најдобар автомобил, доделени на гамата модели на Abarth 595/695 од страна на читеателите на ова престижно списание.
Наградата “Autonis” се доделува по 18-ти пат. На изданието 2023, читателите избираа меѓу 105-те новитети за дизајн во 11 категории, со повеќе од 14.500 гласачи. “Auto Motor und Sport” е едно од најзначајните германски специјализирани списанија, кое за своите читатели претставува референтна точка во автомобилскиот сектор, што е дополнителен доказ за важноста на оваа награда. Избран за најдобар иновативен дизајн, новиот Abarth 500e совршено ги вклопува трите суштински основи на марката: перформанси, стил и звук.
Перформанси – Благодарение на електричната архитектура, најдобрата распределба на тежината, моментниот максимален вртежен момент и на широкото меѓуоскино растојание, новиот 500e е повеќе
Abarth од кога и да е досега, и нуди електрична мобилност под логото на Скорпијата со автентично доживување при возењето. Батеријата од 42 kWh напојува еден електричен мотор со моќност од 113 kW (155 КС) и го придвижува автомобилот од 0 до 100 km/h за само 7,0 секунди.
Стил - Abarth 500e се претставува со смел и привлечен дизајн кој е инспириран и од ислгедот на Скорпијата за да ја истакне моќта, леснотијата и аеродинамичната сиина. Проучувајќи го дизајнот на
Abarth 500e, автомобилските дизајнери од Стилскиот центар се обидоа да ја вметнат животинската суштественост како однадвор така и во внатрешноста. Однадвор, смелиот изглед е нагласен со спортски детали, логоата и потписот на Abarth. Во внатрешноста, спортскиот стил доаѓа до максимален израз преку темниот амбиент, инсертите во кожа Alcantara на шал-таблата, спортскиот волан и спостските седишта.
Звук - Новиот Abarth 500e е единствениот hot hatch во секторот кој нуди Генератор на звукот, којшто го репродуцира легендарниот звук на моторот Abarth и го носи најспортскиот дух на марката насекаде по патиштата.