Skip to content Skip to navigation
Торино, 1 септември 2023 година

Новиот Fiat 500e е крунисан за најдобар електричен мал автомобил од страна на „What Car?“ трета година по ред

Целосно електричниот Fiat 500e повторно ја освои наградата „What Car?“ за најдобар електричен мал автомобил во категоријата награди за електрични автомобили за 2023 година, што го прави победник веќе трета година по ред.

Судиите во жирито на What Car?  продолжија да бидат импресионирани од препознатливиот и ретро стил на електричниот 500e - и внатре и надвор – но и од беспрекорната интеграција на најновата технологија. Дополнително, ја препознаа забавната динамика на возење на новиот 500e кој го задржа „краткиот радиус на вртење погоден за градот и пргавото чувство на оригиналот“.

Оливие Франсоа, извршен директор на FIAT и глобален главен маркетинг директор на Stellantis: „Не можеме да се навикнеме на наградите што ги собира новиот 500e и секогаш сме горди што добиваме нови, секој пат. 500e е најнаградуваниот FIAT досега, сега ја освои својата 41-ва титула. Фактот дека престижното списание како „What Car?“ го препознава 500e како најдобар електричен мал автомобил, трет пат по ред, го покажува големото признание за нашата икона, неговиот безвременски дизајн, неговата вредност за марката и лидерството во технологијата во сегментот, со еден збор, големината на проектот. Последно, но не и најмалку важно, оваа награда е уште поголема причина за гордост за нас бидејќи доаѓа од Обединетото Кралство, земја со голема автомобилска култура и длабока страст за автомобилите.

Стив Хантингфорд, уредник на „What Car?“ рече: „Надворешниот дизајн на електричниот Fiat 500e успева да понуди ретро привлечност додека се чувствува дека е целосно подновен. На ист начин, внатрешноста останува шармантна, но поседува карактеристики и опрема кои купувачите ги очекуваат. 500e исто така има мал радиус на вртење и пргаво чувство што го прават возењето во град задоволство. Плус, батеријата на нашата омилена верзија е доволно голема што нема да бидете ограничени на кратки патувања“.

Fiat 500e има добиено голем број награди од неговото лансирање, меѓу кои „Најдобар електричен градски автомобил“ од магазинот „Diesel&EcoCar“, „Најдобар мал електричен автомобил“ на наградите „Parkers New Car“, „Најдобар мал електричен автомобил“ на „Carbuyer Best Car Awards“, „Најдобар градски автомобил“ на „Auto Express Awards“ и „Најдобар мал автомобил“ на „Autocar Awards“.