100 ГОДИНИ ЛИНГОТО: ПРЕПОЗНАТЛИВ ЗНАК НА ДИЗАЈН ЗА ИДНИНАТА НА МАРКАТА ФИАТ
Во славеничкото видео за 100-тиот роденден “Shaping the Future” (Оформувајќи ја однината), Оливие Франсоа, генералниот директор на ФИАТ, претскажува визија за идните модели на ФИАТ.
- Идните автомобили на ФИАТ ќе бидат инспирирани од препознатливите ознаки на Лингото и славната патека на кровот: меѓу кои ќе биде и неговата карактеристична леснотија, оптимизацијата на просторoт и интензитетот на неговата фасада.
- Видеото е, всушност, разговор помеѓу Оливие Франсоа и Џиневра Елкан, Претседателката на Пинакотеката Ањели, во врска со стогодишнината на Лингото: почнува од неговата изградба и го проектира Лингото во иднината на марката.
Денес ФИАТ прославува 100 години од иконското Лингото: помина цел еден век од кога на 22 мај 1923 година, официјално беше инаугурирана фондаменталната производна фабрика, која веднаш се истакна како една од главните италијански индустриски сили. Познатото здание сега има нова смисла на постоење и цел, но продолжува да биде придвижувач на новите идеи и инспирации.
За ФИАТ, Лингото е место каде наследството се сретнува со иднината. Во почетокот на нејзиното постоење, оваа иконска структура и нејзините карактеристики беа манифест којшто вистински го лансира ФИАТ во 20-иот век. Денес, одново е манифест на новата верзија на марката во 21-иот век.
Во славеничкото видео “Shaping the Future” (Оформување на иднината) Оливие Франсоа, генералниот директор на ФИАТ и глобален генерален директор на Стелантис, ја користи приликата за да навести неколку детали за автомобилите кои ќе почнат да се појавуваат на пазарот веќе од 2024 година. Темата “Lingotto Inspired”(Вдахновениот Лингото) јасно укажува на целта на ФИАТ: вдахнување на промена и овозможување пристап на сите на одржливата иднина. Оливие Франсоа истакна: “Во ФИАТсметаме дека Лингото и патеката во него, се пример кој заслужува да стане ‘design markers’ (ознаки за дизајн). Нивните карактеристики ги инспирираа дизајнерите на ФИАТ да ги постават насоките за идните модели на ФИАТ, од неверојатната патека на кровот до револуционерната рампа (елипсовидна патека по која се искачува до патеката на кровот на Лингото) – револуција во ’20 години – којашто е, всушност, манифест на нашата традиција на леснотија: помалку материјал, повеќе простор, ова е нашата визија за внатрешен дизајн која се стреми кон иднината. Овалната форма на “Патеката 500” инспирира нови препознатливи ознаки за ентериерот, додека пак фасадата, со леснотијата на нејзините прозорци, ќе стане уште еден препознатлив потпис за идните модели. Едвај чекам да ги лансираме, за една година, овие модели “инспирирани од Лингото”.“
Џиневра Елкан, претседателката на Пинакотеката Ањели изјави: “Денес е посебен ден: Лингото официјално беше инаугуриран од мојот пра-прадедо, пред точно 100 години. Тоа беше миг на огромна гордост: огромен чекор напред за ФИАТ и италијанската индустрија воопшто. Корбизје (швајцарско-француски архитект, дизајнер, сликар, урбанистички планер, писател и еден од пионерите на она што денес се смета за модерна архитектура) го дефинира како “еден од најимпресивните спектакли кој ги приредила индустријата”. Лингото стана икона на италијанското производство, обнова и трансформација и, ден денес, е придвижувач на нови идеи. Во ’80 години бевме во потрога по нова цел, поради што мојот дедо реши да го трансформира во она што се гледа денес: продавници, канцеларии, хотел и култура содржана во уметничката мисија на Пинакотеката Ањели. Пред скоро време беше лансирана нова, амбициозна програма на изложби и настани, Пинакотеката стана нова цел на разновидна и млада публика. Благодарениа на кровната градина, на Патеката 500 со нејзините спектакуларни уметнички инсталации, Куќата 500 и нејзиното кафé, FIATCafé500, Пинакотеката Ањели денес е еден од најпосетените музеи во градот.
Зградата на Лингото своја нова вокација пронаоѓа во ’80 години, кога на градот Торино му беше предадена колекцијата на Џовани и Марела Ањели, која стана нејзино симболично јадро.
Денес, отворањето на Патеката 500 одново ја поврзува јавноста со оригиналниот идентитет на ова посебно место, посадувајќи го минатото со нови корени, свежи и живи.
Патеката 500 е најголемата кровна градина во Европа, а Куќата 500 – која секојдневно ја посетуваат посетители, вљубеници во иконата на ФИАТ, во уметноста, во архитектурата и во природата – не е само музеј: таа е почеток на патување во иднината. Првобитното и симболично дседиште на ФИАТод пред еден век, Лингото е продолжена еволуција и се прилагодува на времето, исто како и марката ФИАТ.
Иновација, внимание за најмалиот детаљ и леснотија, кои и понатаму се центар на идните планови на марката, со силна предност на реалните потреби на клиентите и на една ера на постојани промени.