НАЈДОБРА ТЕХНОЛОГИЈА

На новата гама на Tipo, системите за автономно возење ADAS ти овозможуваат да возиш во максимална безбедност, притоа овозможувајќи ти да уживаш во секој миг од возењето.

LANE CONTROL - ПОСТОЈАНО ВО КОЛОВОЗНАТА ЛЕНТА

При брзина поголема од 60 km/h, доколку автомобилот излезе од коловозната лента по која се движи, системот го предупредува возачот со визуелен сигнал на инструмент таблата и го „стврднува“ воланот за да го врати возилото на коловозната лента.

INTELLIGENT SPEED ASSIST AND TRAFFIC SIGN RECOGNITION

Постојано во рамките на дозволеното: новото Tipo ги издвојува и ги препознава сообраќајните знаци и ги прикажува на екранот од збирот на инструменти. Co ограничувачот на брзината можеш и да ја регулираш брзината на твојот автомобил врз основа на максимално дозволената, којашто ќе биде препознаена од системот Traffic Sign Recognition.

BLIND SPOT ASSIST

Повеќе нема слепи агли: при брзина поголемa од 10 km/h, новото Tipo те предупредува доколку странично или одзади се приближува возило кое е во слепиот агол, преку светлосен сигнал на самиот ретровизор. Системот е многу корисен и при паркирање, бидејќи дојавува за возило коесе приближува кога се движиш наназад.

ATTENTION ASSIST - АСИСТЕНЦИЈА ПРИ ЗАМОР НА ВОЗАЧОТ

Заморот повеќе не претставува проблем: системот ги препознава првите знаци на замор кај возачот преку надгледување на движењето на возилото и му препорачува на возачот да направи пауза, преку звучен и визуелен сигнал кој ќе се појави на инструмент-таблата.

ACTIVE GRILL SHUTTER - АКТИВНА ПРЕДНА МАСКА

Системот oбезбедува аеродинамично возење преку регулација на внесувањето на воздухот преку цела серија на панели кои се активираат во самата предна маската. Неговото дејствување гарантира побрзо загревање на моторот, намалување на бучавата и поголема заштита на ладилникот.

WIRELESS PHONE CHARGER - БЕЗЖИЧЕН ПОЛНАЧ ЗА ТЕЛЕФОН

Постојано на полнење, без жици: новитет на гамата Tipo. Безжичниот полнач ги одржува сите уреди на максумално полна батерија и постојано поврзани, без потреба од кабли.

KEYLESS ENTRY / GO

Употреба на клуч? Веќе не. Доволно е секогаш да го носиш со себе и вратите ќе се отворат штом се приближиш до автомобилот, а за да го стартуваш моторот ќе биде доволно да го притиснеш соодветното копче.

ИНФОРМИРАЊЕ И ЗАБАВА

На новото Tipo Hatchback технологијата се гледа. Новото радио со екран од 7” и 10” (опционал) ти овозможува да слушаш музика, да го користиш навигаторот и а се поврзеш на твоите уреди на едноставен и непосреден начин.

APPLE CARPLAY WIRELESS

Поврзи го твојот iPhone со екранот на Uconnect™ од 10” (опционал) и управувај со Apple CarPlay без употреба на кабли, преку гласовни команди (Siri) или директно преку екранот на допир. Apple CarPlay, при безжична употреба, е најинтелигентниот и најсигурниот начин за користење на iPhone во автомобил: можеш да добиеш упатства за насоката на движење, да вршиш телефонски разговори, да примаш и да испраќаш пораки, но и да слушаш Apple Music, аудио книги или подкаст, притоа да не го одвлекуваш вниманието од возењето.

ANDROID AUTO™ WIRELESS

Fiat Tipo 5 врати исто така е компатибилен со Android Auto и може да се поврзе безжично (со компатибилни уреди). Кога мобилниот е поврзан со градскиот автомобил, интерфејсот user friendly ги прикажува апликациите на екранот 10″ Uconnect (опционал).
Може да управуваш со музиката и контактите и, благодарение на „ Google Maps“ може да истражуваш мапи, како и условите на сообраќај во реално време, директно од екранот на допир и без да се одвлече вниманието од возењето.

DAB

Сета висока дефиниција на дигитално аудио за музика и забава.

Ви треба информација? Разговарајте со нас