Повеќе технологија

Јавувајте се, испраќајте и примајте пораки и пуштајте ја омилената музика без да ви биде одвлечено вниманието додека возите. И сето ова со само еден допир на екранот, преку командите на управувачот или пак ако повеќе ви одговара, со гласовни команди.

Компатибилно со Android Auto™

Пристапи кон твоите содржини и апликации на наједноставен и најинтуитивен можен начин: благодарение на Android Autotm™ доволен е само миг за да го поврзете вашиот паметен телефон со Tipo Mirror.
Воспоставувај повици и праќај пораки без да ги тргнеш рацете од воланот, благодарение на гласовните команди. И благодарение на Google maps постојано ќе се информираш за актуелната состојба во сообраќајот.

компатибилно со Apple CarPlay

Поврзи го твојот смартфон Apple со Tipo Mirror благодарение на Apple CarPlay и пристапи до твоите апликации и главни функции преку екранот на Uconnect™ или директно преку командите на воланот. Со леснотија ќе можеш да ја одредиш патеката на движење, да се јавуваш, да испраќаш и да примаш пораки и да поставуваш совршен soundtrack во текот на возењето без да ти биде одвлечено вниманието додека возиш.

Најнова генерација на мотори

Придонесете за животната средина со намалените емисии на CО₂! Направете чекор напред со помош на моторот од најнова генерација Euro 6D TEMP, издржлив и економичен.

Ви треба информација? Разговарајте со нас