Стинг и Шеги го “лансираат” од вселената создавањето на двете нови ѕвезди Фиат 500 на врвото на гамата: Star и Rockstar – Fiat Makedonija

Вести

Стинг и Шеги го “лансираат” од вселената создавањето на двете нови ѕвезди Фиат 500 на врвото на гамата: Star и Rockstar

03 June 2019

190521_Fiat_500-Star-Rockstar-Spot_01_slider

•Пуштен е новиот спот посветен на верзиите од врвот на новата гама 500, Star и Rockstar, во кој главните улоги ги играат безвременските музичари Стинг и Шеги.
•Синглот Just One Lifetime, од албумот 44/876, освојувач на наградата Греми 2019, го придружува воведувањето на префинетата 500 Star и моќната Rockstar низ улиците на Барселона кон непозната цел.
•Клиентите кои ќе ги купат новите верзии од новата гама на 500 ќе добијат и 6 месеци подарок од Apple Music да слушаат без жица преку 50 милиони песни без реклами.

Изобилие од музика, атмосфера од соништата, игри на заведување. Ова се состојките на комуникацискиот проект, посветен на 120-годишниот бренд на Фиат, кој започна во Женева, а во кој главните улоги ги толкуваат Стинг и Шеги со нивниот сингл Just One Lifetime, освојувач на наградата Греми 2019. Всушност, по успехот на првиот спот посветен на фамилијата 500 – “120” денес трите елементи – музиката, сон и заведувањето – се враќаат со поинаква рамнотежа, за да му вдахнат живот на новиот спот со кој се лансираат новите верзии 500 на врвот во гамата, Star и Rockstar.

Спотот се отвора со истата девојка која е во спотот со Стинг и Шеги, како влегува во нејзиниот префинет и елегантен 500 Star и, се возат по сончевите улици на Барселона, започнува музиката од Just One Lifetime преку Аpple CarPlay, преку избор од изсклучителниот каталог на Apple Music* кој овозможува да се слушаат преку безжично поврзување преку 50 милиони музички нумери без реклами, благодарение на премиум аудио уредот BeatsAudio**. На крајот следи објава дека сите купувачи на новите верзии Star и Rockstar ќе добијат на подарок до 6 месеци бесплатно слушање на Apple Music.

На нашата протагонистка ѝ во одразот на огледалото на надворешниот ретровизор ѝ се доближува моќниот 500 Rockstar, најспортската верзија на моделот, управуван од нејзиниот пријател кој го започнува заведувањето, најпрвин на градските улици, а потоа по ридските свиоци околу градот. Музиката станува сè погласна, возењето се испреплетува и во еден момент, младите стануваат свесни дека ги одминале токму Стинг и Шеги кои застанале покрај патот.

Најново од Fiat