Аутомобиле СК и Fiat Македонија целосно ја поддржа идејата на приватната детска градинка “’Спирит”, поттикната од страна на децата да се изработи возило-трансформер кое ќе вози на копно, лета во воздух и плови по вода.
На почетокот идејата изгледаше чудна, нереална и тешко остварлива. Секојдневно децата креираа цртежи исполнети со најразлични идеи како возилото би изгледало, какви крила би имало, дали возилото ке се вози на сурф даска или можеби на скии за вода. Но, децата се изјаснија тоа да не биде обичен автомобил туку да има очи за да може да гледа каде ќе вози, да ја има најшироката насмевка и од таму да добива сила да го прошета светот и да ја раскаже својата приказна.
На голем број деца цртежите им наликуваа на малечки автомобилчиња со крилја и скии, кое потсетува на слаткото Фичо (Fiat 500). Разгледувајќи ги сите футуристички прототипови се создаде генијалната идеја за изработка на ова уникатно возило.
Во овој проект беа вклучени сите родители на децата од приватната детска градинка “Спирит” кои имаа цел да изработат проекни активности на зададена тема (видови сообраќај – копнен, воден и воздушен сообраќај) и заедно со своите деца да ги презентираат преку игра, слики, видеа и сл..
Најинтересниот дел за децата е кога идејата и фантазијата стана реалност. Моментот на среќа се достигна кога дечињата пристигнаа во нашиот салон во Аутомобиле СК и го видоа возилото и со четкичките за боја создадоа уметничко ремек дело. Потоа се додадоа претходно изработените скии и пропелери со кои се финализираше овој трансформер. Финалниот резултат беше изненадувачки како за децата така и за нивните родители, кои сите заедно беа дел од промоцијата која се одржа во продажниот салон на Fiat Македонија.
Оваа приказна создадена од имагинацијата, иновативноста и креативноста го продолжува својот пат и ќе биде промовирана на Интернационална коференција за едукација во Шпанија “Edulearn 18”.