Во фабриката во Крагуевац (Србија) е произведен Fiat 500L број 500.000: рекордниот примерок е во верзија Cross co двобојна каросерија портокалова Сицилија и сјаен црн кров, опремен е со мотор 1.6 Multijet со 120 КС. Новиот примат го потврдува постигнатиот успех на моделот уште од неговото лансирање во 2012. Доволно е да се потсетиме дека пет години по ред е постојано на врвот во неговиот сегмент во Европа, при што е апсолутен лидер во Италија и во Шпанија. Ако се земе предвид вкупната бројка во 2017, Fiat 500L во Европа бележи учество еднакво на околу 22%, со оглед на тоа што во Итаија надмина 52%. За ова извонредно достигнување посебен придонес имаат новите верзии Cross и City Cross лансирани минатата година и ја истакнаа карактеристиката на crossover на моделот.
Позитивни резултати се бележат и на почетокот на 2018: во Европа, обемот на продажба порасна за 5% во однос на минатата година, додека во Италија учеството е преку 50% во сегментот.
За да продолжи да ја игра улогата на протагонист, меѓудругото, Fiat 500L се поднови во 2017 за да биде уште попросторен, побогат со технологија и персоналност. На тој начин се создаде автомобил идеален за различните потреби на едно семејство, современ, автомобил кој најдобро се искажува преку биномот “Cool & Capable” бидејќи ги соединува карактеристиките на иконата на стилот 500 со функционалноста на дизајнот Made in Fiat. Во моментов, гамата се состои од три верзии и секоја од нив оддава сопствена персоналност и има специфична опрема: од верзијата Cross – која има look crossover, подигнат сет за 25 mm и нов Mode Selector – па верзијата Urban, извонредно прилагоден за метрополата, па сè до верзијата Wagon која е на располагање и со седум седишта. Гамата ја комплетира и 500L City Cross, градскиот crossover за обожавателите на градски авантури.
За постигнување на новиот рекорд во фабриката во Крагуевац придонесе нејзиното комплетно обновување и пренамена токму за производство на 500L. Фабриката беше отворена во април 2012 после три годишна интензивна работа и инвестиција од милијарда евра за пренаменување и реконструкција на постоечката производна линија , инсталација на нови машини и авангардни системи за производство, како и за обнова на деловните згради. Денес, фабриката во Крагујевац е една од најнапредните фабрики на FCA на светско ниво.