Новиот 500 ја освои наградата “Small Car of the Year” (Мал автомобил на годината) на наградите News UK Motor Awards
Возилата се селектирани од страна на значајни новинарски имиња во автомобилскиот сектор на најголемите британски списанија, а гласовите се од широката јавност
На четвртото издание на наградите News UK Motor Awards се собрани големите експерти од списанијата The Times, The Sunday Times, Driving.co.uk, The Sun и talkSport со јавноста
Изгласан од страна на потрошувачите откако беше селектиран од група на значајни новинари од област на на автомобилизмот, новиот 500 ја доби титулата “Small Car of the Year” (Мал автомобил на годината) на наградите News UK Motor Awards 2021.
Како и во изминатите години, наградите се доделени од страна на потрошувачите и од група на специјализирани новинари од најзначајните британски списанија, кои гласаа за најдобрите возила во сите сегменти.
Добиената награда News UK Motor Awards е десетта добиена во Велика Британија и ќе ја збогати витрината со награди којшто веќе ги освои, меѓу кои и титулата “Green Car” на наградите Automobile Awards 2020 во Франција и трофејот “Car of the Year and Best Small Electric Car”, доделено од DrivingElectric. На овие награди се придодаваат интернационалните признанија како што се : наградата за Најдобар дизајн 2020 на германското списание “Auto Motor und Sport” како и наградата за најдобар “Design Concept” на познатиот интернационален конкурс “Red Dot Design Award”.
Лансиран во март 2020 година, новиот 500 веќе собра бројни меѓународни награди и се здоби со лидерска позиција во сегментот на електрични градски автомобили во Европа. Новиот 500 е најпродаван автомобил во Европа во сегментот градски автомобил, со учество на пазарот од речиси 28%, се наоѓа на врвот на пазарот за мали автомобили во 12 земји и е најпродаван автомобил во целата понуда на електрични возила во Италија. Понатаму, откако беше лансиран на европските пазари, во Израел и во Бразил, новиот 500 е на пат да стане првиот “all-in” во светот, целосно електричен градски автомобил.