Новиот 500 на FIAT со две победи на “Најдобри автомобили 2023” на списанието auto motor und sport во категоријата на Мини-автомобили
Новиот500 е изгласан за најдобар мини-автомобил во генералната класификација и во класификацијата на автомобилите од увоз, од страна на читателите на германското автомобилистичко списание “auto motor und sport”.
Градскиот автомобил ексклузивно на електричен погон наFIATги надмина 18 конкуренти со конвенционални погони.
И во новата година продолжува победничката низа на електричниот Нов 500. Моделот освои две награди на конкурсот “Најдобри автомобили 2023”. Читателите на списанието “auto motor und sport” го поставија на прво место Новиот 500 како во генералната класификација, така и во класификацијата на Мини-автомобили од увоз. Во изборот во оваа категорија на конкурсот се најдоа 19 модели на актуелни автомобили на германски и интернационални производители.
“Да се освојат две престижни награди на AMUS нè прави бескрајно горди. Германија е најзначајниот пазар за електричниот 500 и овие две признанија уште повеќе го истакнуваат извонредниот успех на нашата икона.
Тоа е доказ за важноста која германската јавност му ја придаваат на моделот, гласајќи за него не само во класификацијата на Најдобар мал автомобил од увоз, туку и во генералната класификација, каде нашиот модел ги победи и националните конкуренти. И двете награди на евидентен начин прикажуваат дека стратегијата за електрификација на FIAT зема замав. Сакам да се заблагодарам на сите вљубеници во автомобилите во Германија за големата доверба која му ја даваат на Новиот 500“, изјави Гаетано Торел, директор на FIAT & ABARTH за Европа, на церемонијата на доделувањето на наградите во Штудгарт.
Новиот 500 досега освои 39 интернационални награди и неговиот успех е потврден и со комерцијалните резултати: од неговото лансирање во 2020 е избран од речиси 120.000 клиенти ширум светот. Минатата година Новиот 500 беше трет најпродаван електричен автомобил на 10-те поголеми европски пазари и најпродаван електричен автомобил на Групацијата Стелантис во Европа, и тоа на прво место во Италија, во Шпанија на второ, а во Германија се пласира на третото место.