Нови 500X Hybrid и Tipo Hybrid: гамата Fiat е 100% eлектрифицирана

Нови 500X Hybrid и Tipo Hybrid: гамата Fiat е 100% eлектрифицирана

Fiat ја комплетира електрификацијата на својата гама со лансирањето на новите 500X Hybrid и Tipo Hybrid

“It’s only green when it’s green for all” (Зелено е само кога е зелено за сите): во линија со сопствената ДНК, марката Fiat прави уште еден значаен чекор во одржливата мобилност за сите

Новите 500X Hybrid и Tipo Hybrid: со пониски потрошувачки и намалени емисии на CO2 до 11%**, со што се намалуваат и вкупните трошоци при поседување на автомобилот

Уште повеќе општетвено се истакнуваат, благодарение на партнерството со (RED)

500X Hybrid и Tipo Hybrid се најдобри во класата “best in class” во технологијата 48 V во соодветните сегменти, но истовремено се едноставни за користење и со пристапна цена

Зголемена безбедност, гарантирана со комплетната опрема ADAS и, благодарение на 7-степениот автоматски менувач со двојна спојка, нудат големо задоволство при возењето

Fiat ги претставува новите 500X Hybrid и Tipo Hybrid и ја комплетира електрификацијата на гамата

Патот започна со 500 Hybrid и Panda Hybrid, потоа следеше Новиот 500  и Ulysse co електричен мотор, за денес да дојде до лансирање на новите 500X и Tipo co новиот мотор Hybrid 48 Volt. Fiat на тој начин го исполнува своето ветување дека ќе понуди барем една верзија со ниски емисии за секој модел и презема понатамошен чекор на патот кон енергетската транзиција и одржлива мобилност.

Како што објаснува Оливие Франсоа, извршен директор на Fiat и главен извршен директор на Стелантис: „Процесот на електрификација на Fiat продолжува. Со лансирањето на новите 500X Hybrid и Tipo Hybrid, опремени со новата 48-волтна Hybrid технологија, гамата на Fiat е целосно електрифицирана. Денес можеме да им понудиме на сите наши клиенти одржливо решение за мобилност, без оглед на нивните потреби за мобилност, со едноставна технологија и по прифатлива цена, и јас сум исклучително горд на ова бидејќи е во согласност со нашата визија: „Зелено е само кога е зелено за сите “. Но, тоа не е се. Нашето патување кон одржлива мобилност за сите продолжува, целта, како што веќе беше објавено – е да се лансира ново возило на почетокот на секоја година, секое со електричен мотор и да се добие комплетно електрична гама до 2027”.

Fiat, во склад со својата ДНК, значително придонесе за ширење и осознавање на хибридната технологија, нудејќи едноставно технолошко решение кое не создава бариери за користење: да се вози како „вообичаениот“ автомобил со традиционален мотор. На тој начин Fiat ја прошири свеста за предностите и буквално ја стави оваа технологија „во рацете на луѓето“, почнувајќи од своите најпродавани икони во Европа меѓу градските автомобили, 500 Hybrid и Panda Hybrid, продадени во над 200 илјади хибридни примероци во 2021 година, коишто го направија Fiat еден од главните играчи на пазарот. Fiat отсекогаш нудел иновативни, едноставни и достапни технолошки решенија, секогаш ставајќи ги во центарот човечките потреби и придобивките што оваа технологија конкретно може да ги понуди. Денес со новите 500X Hybrid и Tipo Hybrid се применува истиот пристап:  технолошко решение погодно за корисникот, но во исто време исклучително иновативно и паметно.

500X Hybrid и Tipo Hybrid се дополнителен важен чекор на патот на марката која одговара на зголемената побарувачка за оваа технологија во соодветниот сегмент и во повисоките (+ 30% во минатата година).

Партнерството со (RED) продолжува: 500X Hybrid и Tipo Hybrid се лансирани во сериското ниво на опременост со специјалната серија (RED), придонесувајќи на соодветен начин за ширење на пораката дека секој од нас може да придонесе за праведна кауза и да биде рамо до рамо со (RED ) во борбата против пандемиите. 500X Hybrid и Tipo Hybrid, поодржливи и општествено порелевантни.

Инаку, на сите верзии 500X и Tipo опремени со хибриден погон, логото за идентификација „Hybrid“ се наоѓа на задната врата, составено од два листа со сини капки роса – пополн тон во однос на 500 и Panda. – за да се укаже на технолошката еволуција на моторот.

Нов мотор од 48 Volt HYBRID, „extra boost”( дополнителен поттик) во секојдневниот живот

Новиот мотор со кој се опремени 500X Hybrid и Tipo Hybrid не е само одржлив за животната средина и достапен за ниски трошоци за одржување. Всушнот, тој ја претставува врвна уметноста на технологијата која настојува да биде, пред сè, едноставна и фокусирана на човекот, со мотото „Tech it easy“ (За лесно учење), напредок на кој не му требаат комплицирани наставни брошури за да се користи со сиот нејзин потенцијал. „We plug, You Play“(Ние почнуваме, вие играјте), слоганот што го лансираше брендот Fiat за време на софтверскиот ден на Стелантис, ја наоѓа својата практична примена во овој мотор кој е во служба на секојдневниот живот на корисниците со цел да ги задоволи нивните потреби за мобилност без непотребна сложеност.

Тајната на перформансите на 500X Hybrid и Tipo Hybrid лежи во синергијата помеѓу новата генерација FireFly мотор, 1,5-литарски 4-цилиндричен турбо бензинец кој е во состојба да испорача до 130 КС со 240 Nm вртежен момент и е-моторот со 48 Volt и 15 KW, придружен со новиот автоматски менувач со двојна спојка со 7 брзини.

Благодарение на напредната хибридна технологија, работата на FireFly е надополнета со поддршката на електромоторот BSG кој овозможува тивок и 100% електричен старт, како и со е-моторот кој ја подобрува ефикасноста и динамиката на возилото, овозможувајќи да се  патува со исклучен термички мотор.

Потрошувачки & Eмиции на CO2 **

Станува збор за првиот Hybrid на Куќата Fiat кој користи електричен мотор, кој комплетно го исклучува бензинскиот мотор, кој пак, во вкупниот циклус WLTP, може да остане неактивиран до 47% од времето на користење.

Ако се земе предвид само урбаниот циклус, процентот достигнува и до 62%. Следствено, новиот мотор Hybrid 48 volt е бензински мотор кој троши помалку од дизел во урбаниот циклус (WLTP):

4,7 l / 100 km наспроти 5,0 l / 100 km од дизел моторот од типот 1,6

5,1 l / 100 km наспроти 5,4 l / 100 km од 1,6 дизел моторот на 500X.

Предноста на новиот 1.5 T4 Hybrid 48 Volt мотор е уште поголема во споредба со претходниот 1.3 T4 (500X), бидејќи кај овој мотор намалувањето на емисиите на CO2 достигнува и до 11% (WLTP циклус), без да се намалат перформансите и огромната удобност при возење, благодарение на практично незабележливите премини помеѓу електричниот и термичкиот погон.

Перформанси

Понатаму, тој е најдобар во гамата, достигнувајќи 100 km/h за само 9 секунди (Tipo) и 9,4 секунди (500X), бидејќи е-моторот испорачува вртежен момент речиси моментно, така што лесно ги поддржува перформансите на термичкиот во фаза на повторно функционирање и ги оптимизира неговите перформанси, ублажувајќи го ефектот на turbolag и обезбедувајќи брз одговор на барањата на гасот. Аналогно, ако маневарот започнува со чисто електричен мотор, ќе се вклучи и термичкиот за да се интегрира барањето за моќност.

Треба да се истакне дека е-моторот интервенира за да ја придвижи работата на термичкиот мотор и за да се постигне максималната ефикасност дури и кога возилото не е загреано: оваа функција го прави загревањето на катализаторот побрзо, при што се добива и дополнително намалување на потрошувачката на гориво и емисиите.

Електрично возење

Придобивките од хибридното напојување на двата нови модели се повеќекратни, почнувајќи со стартување во 100% електричен, слеан, тивок режим и режим без бензин. Исто така, возењето може да продолжи во целосно електричен режим, компатибилно со побарувачката на енергија и полнењето на батеријата (e-launch). Потоа, може е да се користи само електрично напојување за функцијата e-creeping, корисна при кратки и повторени движења нанапред без притискање на гасот, како на пример во редица (e-queueing). Паркирањето може да се врши и во 100% електричен режим, и во прва брзина, така и наназад (e-parking). Дополнително, хибридното напојување е дизајнирано да ја врши надоместувањеа на енергијата и при кочење и при забавување.

Предностите на оваа технологија се моментни: помалку емисии и повеќе почит кон околината, помалку бучава, поголема удобност и забава благодарение на слеаноста на автоматскиот менувач и брзата реакција на напојувањето, помала потрошувачка. Овие карактеристики ја прават новата технологија со која се опремени 500X и Tipo, најдобар хибриден мотор од 48 V во сегментите B и C, “extra boost” (дополнителен засилување) во секојдневниот живот, лесен за употреба и способен да ги задоволи потребите за слобода на движење за сите.

Fiat 500X Hybrid, италијански кросовер

500X Hybrid е идеален автомобил за млади луѓе кои бараат уникатен стил, кои секојдневно се движат во градот, но исто така сакаат да патуваат надвор од градот без компромиси, внимаваат на технологијата, но пред сè на одржливоста и потрошувачката.

500X Hybrid затоа претставува идеално комплетирање на гамата на модел кој, лансиран во 2014 година, неодамна надмина 750.000 новорегистрирани возила: глобален успех, бидејќи 500X се продава на сите главни пазари во светот.

Секогаш на подиумот во Италија во најкомплетниот и предизвикувачки сегмент, 500X не се плаши од конкуренција и може да се пофали со победнички процент од над 60% во однос на неговите конкуренти. Единственото Utility Vehicle со мек кров, единствениот модел од општествена важност во својот сегмент благодарение на соработката со (RED), сега, со хибридната верзија 500X го воведува и новиот автоматски менувач со двојна спојка со 7 брзини.

Надворешниот изглед, исто така, е обновен со лансирањето на Model Year 2022: на предниот дел е  новото лого „500“, додека одзади има енергични букви „FIAT“, синоним за припадност и личност. Два дизајнерски детали што го прават 500X уште посовремен, со акцент на изгледот и чувството на новиот електричен 500.

Достапен со нивоа на опременост Cult, Club, Cross и Sport и со двете каросерии Hatchback и Dolcevita со мек кров, гамата 500X ги вклучува моторите 1.0 GSE T3 120КC FWD, 1.3 MULTIJET 95КС и 1.6 MULTIJET II 130КC, заедно со новата хибридна верзија, претставуваат понуда моја е во состојба да ги задоволи сите потреби за мобилност на клиентите.

Fiat Tipo Hybrid, “family mover” (семеен двигател) по дефиниција одржлив

Tipo Hybrid е идеален автомобил за семејства кои бараат разновиден и функционален автомобил за да ги задоволи дневните потреби за движење и благодарение на повторното воведување на автоматскиот менувач во гамата, автомобил кој може да оди насекаде, од центарот на градот до патувања надвор од градот, а покрај тоа што е практичен и простран, ја почитува и околината.

Така Tipo Hybrid се вклучува во гамата на модел кој е продаден во преку 1 милион примероци од неговото лансирање и е најпродаваниот модел во C сегментот на компактни седани и каравани во Италија, квалификувајќи се како извонреден “family mover” (семеен двигател), достапен во 4 нивоа на опременост (Tipo, City Life, City Cross и Cross) поставени на на каросеријата на седани и во многу пространата караван верзија. Подеднакво широка е и гамата на мотори која, покрај хибридната верзија, вклучува и 1.0 бензинец T3 100КС, 1.3 SDE 95КС дизел и врвниот дизел мотор од 1.6 130КС.

Безбедно возење со системите ADAS

500X Hybrid и Tipo Hybrid се наоѓаат на врвот во соодветните сегменти со опремата со која располагаат, системите ADAS (Advanced Driver Assistance Systems), кои го олеснуваат возењето и вршат превенција од потенцијалните опасности:

Attention Assist, со ново издание на 500X Hybrid,  веќе претставено на новото Tipo во 2020 година, кое ги открива првите знаци на замор на возачот преку страничните движења на возилото, испраќа акустично и визуелно предупредување на инструмент-таблата и го повикува возачот да направи пауза.

Autonomous emergency brake; автоматски кочи за да избегне или намали последици од судир со возилото напред, дури и ако возачот не прави ништо. Потоа, пред завршната интервенција, системот испраќа звучен и визуелен сигнал на инструмент-таблата и потоа врши прво предупредувачко кочење.

Traffic Sign Recognition, кој ја идентификува максималната дозволена брзина според сообраќајните знаци на патот;

Intelligent Speed Assist којшто го поттикнува возачот да постави ограничување на брзината;

Lane Control, го одржува автомобилот во коловозната лента, под услов линиите на разграничување на лентата да бидат правилно исцртани на патот;

Adaptive High Beam,  гарантира подобра видливост при ноќно возење преку автоматско вклучување на долгото светло кога спротивната страна на коловозот е чиста;

Blind Spot Assist, преку ултрасонични сензори ги контролира слепите агли и преку жолта триаголна сијаличка – која се појавува на страничниот ретровизор – предупредува на постоечки препреки.

За да го направи престојот зад воланот уште попрактичен и поедноставен, тука се и Keyless Entry/Go, задната камера и безжичниот полнач (на располагање само на Tipo) кој овозможува да се полни мобилниот телефон. Тоа е вистински концентрат на моќност (три пати повисока од онаа на најпродаваните паметни телефони), кој обезбедува брзо полнење од 15 вати.

Fiat 500X Hybrid, се произведува во фабриката во Мелфи, Италија додека Tipo Hybrid во фабриката Тофаш во Турција.

Ви треба информација? Разговарајте со нас