Иконскиот Фиат 500 со Flash Mob “Добар ден, Долче Вита“ („Buongiorno, Dolce Vita”)

Иконскиот Фиат 500 со Flash Mob “Добар ден, Долче Вита“ („Buongiorno, Dolce Vita”)

  • Малиот симфониски оркестар на Рим зад воланот на Новиот 500 стигна до легендарната Фонтана ди Треви, каде оживеа еден незаборавен flash mob.
  • Протагонист е “La Dolce Vita”, иконска мелодија која беше повторно откриена од ФИАТ во дискографскиот каталог на CAM Sugar, а пред некое време беше искористена за спотот за Новиот 500 со Леонардо Ди Каприо во главна улога “The Driver”.

Новиот 500, симболот на италијанската Долче вита позната во целиот свет, беше совршен партнер во еден flash mob под името „Добар ден, Долче вита“ (“Buongiorno, Dolce Vita”) oрганизиран под закрила на италијанската дискографска куќа CAM Sugar, co поддршка од СИАE (Италијанското здружение на автори и издавачи) и под патронат на Филмскиот фестивал во Рим.

Музичарите од малиот симфониски оркестар при Римската филхармонија, протагонисти во flash mob-от под име „Добар ден, Долче вита“ (“Buongiorno, Dolce Vita”) во чест на славната мелодија на маестро Нино Рота, пристигнаа на местото на настанот зад воланот на Новиот електричен 500. Тринаесет уметници, облечени во фрак се упатија кон Фонтана ди Треви, носејќи куфери со различен облик. Штом стигнаа на легендарниот плоштад, ги извадија своите инструменти од куферите и почнаат да ја свират “La Dolce Vita”, сместувајќи се меѓу воодушевените и изненадени посетители. Италијанската Долче вита повторно оживеа во Рим: единствено и незаборавно доживување на отворено, како што знае да биде само и единствено Новиот 500.

Новиот 500 е иконскиот модел на италијанската Долче вита во сиот свој сјај. Секако и поврзаноста меѓу Новиот 500 и мелодијата е многу длабока: оригиналната песна, снимена за филмот La Dolce Vita (Сладок живот) на Федерико Фелини, всушност беше повторно откриена од ФИАТ во архивата на италијанската музичка продукциска куќа CAM Sugar и искористена како подлога за спотот „The Driver“ со оскаровецот и еколошки активист Леонардо Ди Каприо во главната улога. Истата таа архива содржи ремек-дела од историјата на кинематографијата, вклучувајќи ја и музиката за Амаркорд од маестро Нино Рота што веќе се користела за AVAS на Nuova 500.

Настанот истовремено беше и прослава на ремек-делото на Фелини, кој оваа година ја слави 60-годишнината од освојувањето на Оскар за најдобри костими. За таа прилика, CAM Sugar за прв пат го реиздаде рематризираниот диск на двоен винил и дигитално,, со учество на наследниците на Нино Рота и Федерико Фелини.

Торино, 21 oктомври 2022

Ви треба информација? Разговарајте со нас