Со дух и знаење на свеж триесетгодишник, Fiat Tipo денес се соочува со предизвиците од неговиот успех во иднината во клучниот сегмент C, каде марката Fiat отсекогаш имала значајно место.
На 26 јануари 1988 е создаден Fiat Tipo, наследник на Fiat Ritmo кој пак на времето го замени Fiat 128. Од 1100, па наваму, компактните автмобили на Fiat беа главен придружник на семејствата во Италија, но и надвор од неа. Fiat Tipo го пробиваше патот на социјалниот и економски развој на цела Европа. Уште веднаш, се покажа како одличен избор за многу млади професионалци, татковци – глава на семејството, кои беа во потрага по конкретен, модерен, елегантен и современ автомобил.
Fiat Tipo од пред триесет години беше наследник на еден иновативен проект во секој негов аспект. Инжењерите на Fiat осмислија модел кој имаше способност да обезбеди повисоко ниво на возење, перформанси, комфор и сигурност, без откажување од задоволството и беа сконцентрирани како никогаш до тогаш на неговите ергономски аспекти. Tipo “сјаеше” по својата конструктивна прецизност, благодарение на иновативната технологија на производство и по материјалите употребени во изработката кои гарантираа доверливост и квалитет. Автомобил кој се ценеше по неговата функционалност, едноставност и персоналност.
Овие карактеристики се наоѓаат и на актуелниот Fiat Tipo, кој ги поседува истите својства на неговиот претходник. Сегашниот модел е мешавина на технологија, робусност и функционалност кој го освои сегментот C, благодарение на силата на неговата конкретност. Вo Италија е меѓу трите најпродавани автомобили за 2017 и е лидер во сегментот C со 20,7% учество во изминатата година, со бројка од 180.000 продадени возила во регионот EMEA. Инаку, втора година по ред се потврдува како автомобил со најголема стапка на пораст во Европа.
Функционалност и иновација
На денот на неговиот триесетти роденден, се навраќаме на карактеристиките на Fiat Tipo од 1988 кои ги наоѓаме на денешниот модел. Не залудно новото Fiat Tipo со гордост го задржува името на неговиот претходник со кого ги споделува духот и ДНК. Ако зборуваме за дизајнот, на пример Tipo покажува чиста линија, но иновативна и современа, и е best in class кога станува збор за внатрешниот простор: допадливо веќе видено за удобна функционалност.
Естетскиот избор за Fiat Tipo е прилагоден за денешните патишта. Предниот дел се развива хоризонтално и динамично, на доследен начин во сите три верзии на моделот. Заеднички црти на денешниот со некогашниот модел е и издолжениот страничен дел како и есенцијалното внимание посветено на аеродинамичноста. Што се однесува до верзијата со 5 врати, која најмногу се надоврзува на онаа на Tipo од 1988, интересно е да се нагласи задната врата која е широка и овозможува отворање за внесување на багаж во правилна коцкеста форма за сместување во багажник со просторност од 440 литри (550 литри во верзијата Station Wagon), на врвот во категоријата. Токму задната врата содржи нова технологија, како и на верзијата од пред триесет години, кога беше изведена од посебен пластичен материјал, лесен и без корозија.
На каросериите, паѓа веднаш в очи, и денес како и порано, вкрстувањето на оддели концепирани според принципи кои се целосно во согласност со содржината на проектот и се способни да ги изразат конкретноста, едноставноста и функционалноста, фомрула која секогаш ги издвојувала автомобилите на Fiat во сегментот C, типични карактеристики кои припаѓаат на ДНК на марката.
Комплетна фамилија во една едноставна понуда
Fiat Tipo од 1988 беше реализирано на една од првите модуларни платформи што претходеше на концептот на фамилијата изразен преку aктуелното Tipo во неговите три изданија. Неговата шасија е всушност основа на која се развиени и другите модели од групата како на пример Fiat Tempra, со класична каросериска изведба во три волумени и во фамилијарно издание како Tempra S. W. Триесет години подоцна, Fiat Tipo добива верзии со 4 врати, Fiat Tipo 5 врати и Fiat Tipo Station Wagon кои се одговор на Fiat на светот каде се среќаваат нови потреби и нови начини на купување, врзани со свесни и конкретни избори. Сите изведби на Fiat Tipo предначат со непобедливата “понуда на вредност” и се наменети за фамилијата, двојките и професионалците.
Во поглед на персоналноста Fiat Tipo, во секоја од неговите изведби се искажува преку динамичен стил и силен карактер. Едноставноста на изборот од страна на клиентот се преведува во една понуда на мотори и опрема водена од срцето на пазарот: едноставна и линеарна логика на гамата која пак сочинува уште една поврзаност со Fiat Tipo од пред триесет години. Во 1988 понудата на моделот беше со пет бензински мотори и еден дизел мотор, кои можеа да ги задоволат сите побарувања на пазарот во тоа време и две нивоа на опременост. Сите останати знаци се намерно испуштени за да се истакне самото име “Tipo” со суштинско значење на новитет и зрелост, содржани во моделот.
Од Fiat Tipo “Digit” до системот UconnectTM 7″
И понатаму во духот на Fiat, сите изведби на фамилијата Tipo содржат бројни технолошки решенија кои го подобруваат престојот во автомобилот, како на возачот, така и на патниците. Доказ за тоа е и богатата сериска опрема и дебито на иновативниот систем UconnectTM 7″ HD LIVE co екран на допир во боја од 7″ со висока резолуција кој овозможува “pinch&swipe”, како и употреба на сè што е слично со современите таблети. На располагање е и Uconnect Link co интегриран Apple CarPlayTM компатибилен со Android AutoTM кој му овозможува на возачот да го користи својот паметен телефон на најинтуитивен начин.
И во 1988 Tipo располагаше со иновативна технологија благодарение на една нота на современост и функционалност: електронска дигитална инструмент табла во нивото на опременост “Digit”, вметната во таблата со специфичен дизајн. Визуелизацијата на верзиите “Digit” беше дигитална, со напредни карактеристики како на функционален план, така и од ергономски аспект, со оптимална перцепција на информацијата.
Fiat Tipo го слави минатото вредно за помнење и се соочува со предизвиците на иднината со знаење и зрелост од своите први триесет години. Во еговиот развој учествува меѓународен тим од околу 2.000 лица во изминативе триесет години работа, во текот на кои се изминати повеќе од 8,7 милиони километри во најекстремни климатски услови, терени и надморски висини, за да се понуди фамилија на автомобили спремни за продажба во преку педесет земји на EMEA, а пазарот го наградува со истакнати комерцијални резултати.