Fiat ја избра сцената во Женева за да го претстави новото семејство 500 “120°”, најелегантното и најповрзано досега. Поставена на моделите 500, 500X и 500L, новата гама го слави стодваесетиот роденден на Fiat – дострел со кој малку автомобилски куќи во светот можат да се пофалат – и истовремено пишува ново поглавје во “поврзувањето”, социјална и технолошка димензија веќе проучена во 2018 co семејството 500 Mirror.
Во Женева, јавноста ќе може да се запознае со идејата за поврзување која, според Fiat, треба да биде едноставно, народно, сигурно и интуитивно. Помеѓу другото токму ова се основните црти на традицијата Fiat: да се понудат иновативни технолошки решенија кои може да се користат на едноставен начин и кои ќе можат да ги задоволат и современите потреби во секојдневното движење и растечката социјална чувствителност за сигурност и комуникација.
Секако, многу е променет светот од далечниот 11 јули 1899, денот кога беше создадено анонимното друштво “Италијанска фабрика за автомобили – Торино”, но начинот на конципирање на еден автомобил, пред сè начинот на кој автомобилот се доживува, остана непроменет со времето, станувајќи одлика која ја разликува марката на светско ниво.
На швајцарскиот собир ќе дебитира и новата Panda Connected by Wind, создадена преку соработката на Fiat со Wind која претставува дополнителен пример на “поврзаност според Fiat” и неговиот свет на доживување на автомобилот: секогаш поврзан, секогаш современ и секогаш сигурен.