Fiat на Интернационалниот саем за автомобили во Женева 2018

Fiat на Интернационалниот саем за автомобили во Женева 2018

На Интернационалниот саем во Женева 2018 марката Fiat ја покажува својата сè побогата и комплетна гама, преку семејствата S-Design и Mirror, кои нудат најнапредни решенија во однос на стилот, карактерот и поврзувањето.
Во Женева за прв пат на сцената се појавува 124 Spider S-Design, која се надоврзува на Tipo 5 врати и на 500X S-Design: модели со многу различни карактеристики, наменети за оној што ја сака динамичноста и преку различниот карактер на неговиот автомобил.
S-Design е всушност одговорот на Fiat на сите оние кои се во потрага по стил и имаат современ карактер, динамичен и поинаков. Во ова ниво на опременост заеднички израз наоѓаат спортскиот карактер, стилот и шармот што освојува на прв поглед: изразена персоналност која ја одразува онаа на младата и динамична публика. За прв пат специјалната серија е трансверзална и се соединува со двата света на брендот, функционалниот и емоционалниот.
Но, Fiat во Женева не е само S-Design. Еден дел од штандот е наменет за семјството Mirror, првата специјална серија која го опфаќа целото семејство Fiat 500. Отсекогаш, специјалните серии се одлика на марката Fiat, еден од клучевите на успехот кој поврзува многу модели, но пред сè на Fiat 500 којшто, благодарение на бројните варијанти истражи различни територии, и на тој начин ја потхрани својата безгранична и вечна младост. Меѓу толкуте, да се потсетиме на 500C by Gucci, 500 by Diesel, 500 Riva и скорешните 500-60 години и Роденденскиот, посветени на шеесетиот роденден на иконата на куќата Fiat.
Fiat 500 ги прекрши традиционалните правила на пазарот, докажувајќи дека и еден мал автомобил може да биде основа за создавање на цело едно семејство на пристапни и прифатливи модели кои се способни да гарантираат максимално ниво на персоналност и функционалност, како и да постигнат интернационален успех: 80 проценти од Fiat 500 се продава надвор од националните граници на производителот, а во 2017-тата иконата на куќата Fiat стана лидер во осум земји и се искачи на подиумот уште на седум други..
Co моделите 500L и 500X, Fiat 500 се оддалечи од класичната сегментација, комбинирајќи карактеристики од различни категории и вдахувајќи живот на два модели, најистаканти, секој во својот сегмент. Така, семејството 500 предлага три автомобили кои се различни по вокација и карактер кои одговараат на сите потреби на купувачите и на растечкото побарување на нови искуства, но истовремено продолжувајќи да ја споделува истата матрица: ентузијастички стил, типичен за иконата на куќата Fiat.
Токму стилот, соединет со технологијата, се силните страни на новата специјална серија Mirror, која претставвуа пресек на севкупното семејство 500, благодарение на радиото UconnectTM 7″ HD Live co екран на допир со висока резолуција и вградувањето на Apple CarPlayTM и на компатибилноста со Android AutoTM, кои го прават возењето доживување со 360 степени во потполна сигурност.
Преку семејствата Mirror и S-Design, брендот Fiat ги задоволува најактуелните потреби и овозможува на секој купувач да го искаже сопствениот карактер преку автомобилот што го вози.
Штандот на Fiat е комплетиран со богата витрина на акцесоари, производи развиени и осмислени од страна на инжењерите на Mopar за да се овозможи персонализација на секој автомобил.

Ви треба информација? Разговарајте со нас