Fiat Concept Centoventi (Фиат Концепт Стодваесет): “сенародниот” одговор на електричната мобилност – Fiat Makedonija

Вести

Fiat Concept Centoventi (Фиат Концепт Стодваесет): “сенародниот” одговор на електричната мобилност

11 March 2019

190305_Fiat_Concept_Centoventi_HP

На Интернационалниот Саем во Женева 2019 за прв пат е претставен Fiat Concept Centoventi, концептот кој совршено ја одразува визијата на италијанската марка за тоа каква ќе биде електричната мобилност на народот во блиска иднина,  авторитативно и демократско предвидување, започнато пред 120 години исполнети со историја и искуство на полето – од каде и доаѓа името на прототипот – кој ќе знае да, како што наложува традицијата, се издвои од останатите и да тргне напред. Така се случи во ’50-ите години, кога Fiat 500 претставуваше културна и индустриска револуција , која успеа да ги надмине традиционалните категории за естетика, дизајн и инжењерија за да стане единствено ремек-дело во историјата на автомобилската индустрија, прв вистински пример за мобилност пристапна до широките народни маси.

Fiat Concept Centoventi накратко

Fiat Concept Centoventi во основа е “бело платно” подготвено да биде обоено според вкусовите и потребите на клиентот во кој и да е период од неговиот живот или денот, без никаква обврска од персонализација поврзана со одредениот момент на купување. Ќе се произведува само во една боја на каросеријата, преку програмата “4U”, ќе може да се персонализира избирајќи помеѓу 4 кровови, 4 браници, 4 капаци на тркалата и 4 надворешни обвивки.

Совршен за бизнис и да биде споделен

Освен за индивидуална употреба, Fiat Concept Centoventi при самото создавање е веќе подготвен да стане иден протагонист на флотите на фирмите. Меѓудругото, Fiat Concept Centoventi е извонреден на сите полиња на урбаната мобилност, толку што станува и најекономичен автомобил BEV на пазарот, благодарение на гамата на модуларни батерии, лесен е за чистење, поправање, одржување, со намален ризик од оштетувања и уште пониски трошоци на одржување за сопственикот (Total Cost of Ownership).

Најново од Fiat