Рефлекторите насочени кон Fiat 500 изложена на MoMA во Њујорк

Рефлекторите насочени кон Fiat 500 изложена на MoMA во Њујорк

На 10-ти февруари, пред посетителите на Музејот на Современа уметност во Њујорк за прв пат беше претставен Fiat 500 серија F, откупена од Музејот во 2017. Овој скапоцен примерок сè до 15 јуни 2019 ќе биде изложен во рамките на поставката „Вредноста на добриот дизајн“ (“The Value of Good Design”), која ја раскажува историјата на индустрискиот дизајн преку префинетата колекција на MoMA.

Престижното влегување во колекцијата на MoMa “го потврдува” историското значење и симболиската вредност на 500 во педесетите години од минатиот век, како икона на италијанскиот стил која ги отелотворува типичните допири на модернистичкиот дизајн од времето, поврзувајќи го со теми кои ги обработувале колекциите изложени во љујоршкиот музеј.

Проектиран од страна на Данте Џиакоза и лансиран во 1957, „новиот“ Fiat  500 е осмислен како економичен автомобил за моторизација на европскиот континент во поствоениот период. Всушност, во основата се крие идејата дека квалитетниот дизајн треба да биде достапен за сите. Ете зошто, и покрај малите надворешни димензии, дизајнот на Џакоза го максимализира внатрешниот волумен, успевајќи да создаде изненадувачки широк ентериер, во кој може да се сместат четири лица. Штофениот кров на преклопување во серија му даваше на овој економичен автомобил допир на голем луксуз, и истовремено ја намалуваше количината на употребен челик, во тоа време скап материјал, неопходен за неговото производство.