На денот на неговиот 65-ти роденден, Fiat 500 е лидер во секторот на електрични автомобили во Италија и во Германија во првата половина на 2022 година
Во првата половина на 2022 година, Новиот Fiat 500 е трет во Европа на вкупниот пазар на електрични возила, број еден на пазарот на електрични во Германија и во Италија, и се најде на подиумот во Франција и во Шпанија.
За само две години, Новиот 500 е избран од преку 100.000 купувачи и освои 30 интернационални награди во девет земји, со што FIAT стана најнаградувана марка воопшто.
Новиот 500 се продава во 38 земји на четири различни географски страни: Европа, Латинска Америка, Средниот Исток и Јапонија.
Најновите ТВ спотови, во кои главната улога ја има „зелениот“ амбасадор
Леонардо Ди Каприо раскажуваат за залагањето на FIAT за една поодржлива иднина која треба да биде и забавна и „паметна“: верзиите “Evergreen” и “The Stick”.
Денес FIAT слави 65 години од појавувањето на легендарниот 500, иконата на новиот италијански сладок живот, којшто во својата електрична верзија стана европски лидер на електричната мобилност.
«Новиот 500, електричен и само електричен автомобил, се искачи на европскиот подиум на ЕВ во првата половина од годинава − изјави Оливие Франсоа, директорот на FIAT и на Маркетинг директор на Стелантис Глобал-.
Во првата половина од годинава, Новиот 500 е најпродаваниот електричен автомобил во Германија – каде со својот успех ги надмина домашните електрични автомобили. Исто така е лидер во Италија и е на подиумот во Франција и Шпанија. Ова е опиплив доказ за неговиот успех и желбата на FIAT да го утврди патот кон електрификацијата како дел од неговата историска општествена мисија. Создадовме мобилност за сите и лидери сме во урбаната мобилност: сега, наша цел е одново да ја поставиме урбаната мобилност што поодржлива за сите, останувајќи верни на нашето мото “it’s only green when it’s green for all” – „Зелено е само кога е зелено за сите“».
Проектиран и конструиран во Торино, Новиот 500 е симбол на италијанската креативност која ги освојува срцата на сите, ширум светот, кои ги сакаат нештата Made in Italy. Новиот 500 се продава во 38 земји на сите четири страни на светот: од Европа до Латинска Америка, од Средниот Исток до Јапонија.
За неговиот уcпех сведочат 30-те интернационални награди освоени во 9 земји од јавноста и од експерите во секторот.
Во контекст на растечкото внимание кон “конверзијата во зелено”, FIAT реши да ја забрза својата стратегија кон сè поодржливата иднина. Актуелно, светската марка располага со комплетна гама на електрифицирани модели − во Европа − и, почнувајќи од 2024, сите негови модели ќе бидат електрични. Во 2027, FIAT, во Европа, ќе стане комплетно електричен.
Две нови стории кои ја слават промената на иконата
За да го честита роденденот на својата икона, FIAT претставува две нови стории кои раскажуваат, на забавен начин, за тоа како Новиот 500 е вистински автомобил на промената. И во верзијата “Evergreen” и во “The Stick” главната улога ја толкува активистот и Оскаровец Леонардо Ди Каприо, „зелениот“
амбасадор на Новиот 500 од самото негово лансирање. Фиат ја преиначува парадигмата и покажува дека грижата за планетата претставува радост и како што сведочи Леонардо Ди Каприо, да се вози електричен автомобил и да се биде портпарол на одржливата мобилност, претставува вистинска забава и радост. И само еден автомобил на светот е во состојба да ја претвори обврската во нешто допадливо и забавно: Новиот 500.
Лео Бурнет е агенцијата одговорна за создавањето на спотовите, а како режисер се потпишува Мартин Вернер. Низ спотот провејува музиката од познатата песна “La Dolce Vita” на Нино Рота во нејзината оригинална вокална изведба од 1962. Песната беше откриена од FIAТ во каталогот на CAM Sugar, италијанска дискографска куќа која ги зачувува делата од минатото на филмската кинематографија, во изведба на маестро Нино Рота, снимена во Амаркорд, која се користи и како звучен сигнал за пешаци кај напредните системи за автономно возење (“AVAS”) на Новиот 500.