Fiat се враќа во Франкфурт – Fiat Makedonija

Вести

Fiat се враќа во Франкфурт

04 June 2015

hp_nuova500

Марката Fiat се враќа во Франкфурт со сугестивна изложба на целата фамилија 500: од Новиот 500, презентиран во Торино минатиот  јули, до кросовер 500X што продолжува да собира одлични резултати, во поглед на проценката и продажбата, сè до 500L, лидер  на пазарот во неговиот сегмент. Тоа се многу различни автомобили, по вокација и карактер, но делат иста  матрица: иконата 500.

 

Новиот Fiat 500

Протагонист на изложбениот простор, Новиот Fiat 500, со кој марката е спремна да се соочи со новите предизвици на пазарот, без да ги заборави сопствените, длабоки корени. Создаден  во Центарот за дизајн  Fiat, автомобилот претставува дизајн, надворешен и внатрешен, подновен  и недвојбено  500, што го прави уште построг, Не е зголемен по димензии, но нуди побогати содржини во поглед на технологијата, на моторите и на можноста за персонализација: иконата дополнително еволуираше, дотерувајќи ги оние делови кои ја направија ремек-дело.

На штандот, јавноста може да ужива во деветте верзии. Две од нив се кабриoлети, првиот неиздадениот “Rosso Corallo” со прилагоден кров во беж боја и вториот, бел со кров во црвена боја и опремен со новиот турбодизел мотор 1.3 Multijet 95КС Euro 6, на неговото светско деби. Малиот дизел мотор има брилијантни перформанси и потрошувачки, а најмногу во однос на зачувувањето на околината затоа што емитува само 89 грама CO2 по километар. Истиот мотор го придвижува и новиот 500 Lounge, изложен на штандот во црна боја.

Нова е и бордо бојата на лимузината “Bordeaux Opera” на нивото на опременост Lounge, опремена  со бензински мотор 1.2 со 69 КС со прилагоден роботизиран менувач Dualogic. Петте примероци поседуваат уште една одлика на новиот 500 и нема да изненади доколку ја поттикне фантазијата и волјата да се издвојува со својата појава. Се вика “Second skin” и претставува ексклузивна персонализација која, како втора кожа, овозможува да се пренесе на каросеријата сопствениот карактер.

Деветте автомобили, пак, покажуваат различни внатрешни уредувања: штофот Галски принц и “украсите” во боја на слонова коска, или корал (на располагање и во варијанта зелена боја маслинка), со потпирач за глава и горен дел од грбниот потпирач на предните седишта, контрастно во екокожа црна или во боја на слонова коска, Петте автомобили се претставени со ексклузивни пресвлеки во кожа Фрау и тоа во црна, бордо или тутун боја, со лого 500 нанесено на горниот дел од грбниот потпирач на предните седишта, во контраст во боја на на слонова коска.

Конечно, на новата шал табла е сместен иновативниот инфосистем UconnectTM со екран од 5″, што веќе од верзијата Pop вклучува радио, 6 звучника, команди на воланот и приклучоци за AUX-IN и USB. Новиот 500 Lounge нуди во серија гласовни команди со технологијата Bluetooth, UconnectTM 5″ Радио LIVE екран на допир, што обезбедува голема разновидност од функции почнувајќи од услугите UconnectTM LIVE, во серија и по пет години, покрај многуте музички опции, се придодава и радио FM/AM.

 

Fiat 500X

Погледите секако ќе ги привлекува и моделот 500X: на штандот јавноста може да ужива во три автомобили, два со ниво на опременост Cross Plus, која како верзија off road има специфични браници и заштитни решетки како и погон 4×4, и еден со ниво на опременост Lounge, што претставува најградска душа на кросоверот Fiat.

Првиот примерок Cross Plus, со трослојна црвена боја на каросеријата Rosso Amore, го поседува моќниот мотор 1.4 MultiAir со 170 КС и прилагодениот иновативен автоматски менувач со девет брзини и погон 4×4 што обезбедувааат идеална рамнотежа помеѓу удобноста при возење и спортското чувство, гарантирајќи голем капацитет на еластичност и непречено обезбедување на максималниот вртежен момент. До него е поставен уште еден 500X Cross Plus со трослојна жолта боја Giallo Amalfi опремен со моќниот мотор 2.0 Multijet II со 140 КС, рачен менувач со 6 брзини и погон 4×4.

Третиот 500X, со ниво на опременост Lounge, е опремен со мотор 1.4 Multiair со 140 КС со прилагоден секвенцијален автоматски менувач и двојно квачило кој се разликува со по некој додаток Mopar, бренд за репер по услуги, Customer Care, оригинални делови и додатоци и за брендот FCA. Конкретно, овде го имаме пакетот “Chrome pack” што вклучува елегантни хромирани елементи како рамките на вратите, рамките на светлата за магла и задниот дел од надворешните ретровизори. Сето тоа вклопенов во Cargo Organizer што ја зголемува разновидноста на намената на багажникот, од патосниците и капачињата на пневматските вентили со лого Fiat. Тие се еден мал, но забележителен пример на широката колекција на додатоци Mopar создадени токму за новиот кросовер Fiat со цел да се направи уште поразличен.

 

Fiat 500L

Изложбата ја заокружува 500L, моделот ги обеинува стилската икона моделот 500 со функционалноста на дизајнот Made in Fiat. Од ваквата специјална алхемија, создаден е “City Lounge Fiat”, нова концепција за градски автомобил што ја преформулира во емоционален клуч категоријата на компактни автомобили за современото семејство.

Во Франкфурт јавноста може да ужива во специјалната серија Beats EditionTM со двобојна каросерија и верзија Trekking со ексклузивна зелена боја Toscana. Сјајниот мотор 1.4 16v T-Jet со 120 КС што го опремува првиот 500L претставува идеален одговор на оние кои бараат автомобил кој ќе може да се движи без проблем во градскиот метеж и ќе одржува ниска потрошувачка: всушност така опремениот автомобил достигнува максимална брзина од 189 km/h со забрзување од 0 до 100 за 10,2 секунди.

Fiat 500L Beats EditionTM е опремен со аудио уред што нуди исуство на слушање кое се одликува со извонреден звук и прави  револуција во начинот на доживување на музиката во внатрешноста на автомобилот.

Однадвор се карактеризира со  префинета сива боја со црн кров со црвени, засенчено хромирани, елементи со современ и метрополитенски изглед. Истиот отпечаток се наоѓа и во внатрешноста каде амбиентот е “total black” со пресвлеки во штоф и екокожа, црна со црвени опшивки.

На штандот го среќаваме и 500L Trekking 1.3 Multijet 95КС, моделот со две идеално интегрирани души кои сакаат секојдневно да се “заразуваат”: една метрополитенска која живее безгрижно во градот и со стил, и една поинаква, идеална за викенд со семејството и пријателите.  Автомобилот кој е изложен е со зелена боја Toscana со двобоен бел кров и е опремен со неколку додатоци Mopar што ја истакнуваат двојната душа, како што е двојниот простор за багаж, со заштита за багажот, закачалка за јакни на потпирачот за глава, распрснувач на мириси, специфичен праг. Конечно, можно е да се направи и уште попрактичен автомобилот со шипки за товар на кровот кој овозможува да се монтираат велосипеди, скии, даски за сурфање или пак сандак за багаж.

 

Штанд Fiat

Штандот во Франкфурт ги пречекува посетителите со елеганција и италијански стил. Развојот на дизајнот е непречен и хармоничен, динамичките форми го задржуваат погледот на средината на штандот, каде се истакнуваат неколку примероци на  новиот 500 опкружени со други автомобили од истото семејство речиси како во симболична прегратка на најмалото новороденче во куќата на Fiat. Предниот дел овозможува да се ужива во изложените автомобили и сликите кои се менуваат на големиот екран, како и структурата на основата преку еден тродимензионален приказ на празнините преку кој се добива истото чувство на цврстина и заштита која ја пружа секој автмобил на Fiat.

На еден одреден дел на штандот ќе биде можно посетителите да се запознаат ексклузивните производи на реализирани преку соработката на Fiat со Mopar, бренд за репер по услуги, Customer Care, оригинални делови и додатоци и за брендот FCA.

Најново од Fiat