ДЕФИНИРАЈТЕ ЈА ВАШАТА ИДНИНА И СПАСЕТЕ ЖИВОТ

ДЕФИНИРАЈТЕ ЈА ВАШАТА ИДНИНА И СПАСЕТЕ ЖИВОТ

FIAT, Jeep и RAM склучија партнерство со (RED) и се обврзаа дека ќе донираат, помеѓу 2021 и 2023 година, најмалку 4 милиони долари за поддршка на значајната работа што ја спроведува Global Fund во борбата против пандемиите, вклучително и СИДА и КОВИД -19. Од денес, ова значи дека секое (FIAT)RED  возило купено од специјалната серија на семејството (500)RED  е најетичко и најрелевантно досега.

(RED) е основана во 2006 година за да ги поттикне компаниите и поединците да се соберат за конечно да ја победат СИДА-та. (RED) во моментов е ангажирана во борбата против две пандемски болести, СИДА и КОВИД-19, и собра нешто помалку од 700 милиони долари за Global Fund. Оваа сума овозможи да се помогне на над 220 милиони луѓе, а сумата што FIAT, Jeep и RAM се обврзаа да ја донираат ќе овозможи да се финансираат други програми за спасување живот на места каде што има поголема потреба. Благодарение на партнерството со (RED), FIAT, Jeep и RAM, се приклучуваат во борбата против пандемијата и им нудат можност на своите купувачи да го сторат истото.

Нов (500)RED

Новиот (500)RED  е херојот на вечерта. Автомобилот е создаден во соработката помеѓу FIAT и (RED) за да се шири заедничката порака за грижа за животната средина, планетата и луѓето.

Поаѓајќи од верувањето дека сите ние можеме да ја одиграме нашата улога во борбата против пандемијата и дека за тоа секој од нас може да направи промена, доаѓа необичниот избор во автомобилскиот пејзаж: да имаме црвена боја наменета за возачкото седиште во комбинација со други три црни патнички седишта. Провокација, порака, покана: бидете „подготвени“ да направите промена. За оние кои претпочитаат единственост на бојата, седиштата се црни со контрастно црвено (500)RED лого, или сите црвени со црно лого.

Целта на FIAT е да ја пренесе пораката на (RED) до најшироката јавност, поради што специјалната серија е достапна за комплетното семејство 500: новиот (500)RED, (500)RED, (500Х)RED и (500L)RED затоа ќе имаат црвена боја како карактеристичен елемент по кој се издвојуваат како во надворешноста (почнувајќи од каросеријата, па до логоата, држачите на ретровизорите и деталите на тркалата) така и во ентериериерот (челото на таблата, деталите на пресвлеките и ексклузивните седишта направени од предиво „Seaqual®“ добиено од пластика извадена од океаните, со потпис FIAT и (500)RED лого на задната страна). Сепак, црвената боја нема да биде единствената од специјалната серија (RED), всушност палетата на бои на каросеријата вклучува и други специфични бои за секој модел.

Сите модели на (500)RED  семејството се опремени со филтер за воздух третиран со високо ефикасна биоцидна супстанција (> 99,9%) против вируси и бактерии, за да спречи нивна повторна аеросолизација во кабината. Покрај тоа, површините на некои елементи од ентериерот со кои купувачите имаат поголем контакт, како што се воланот, седиштата и внатрешноста на багажникот, добија високо ефикасен антимикробен третман (до 99,9% во зависност од компонентите ) против вируси и бактерии, што му овозможува на купувачот да се чувствува побезбедно во автомобилот.

Секој автомобил од (500)RED  семејството доаѓа со комплет за добредојде Welcome Kit, кој вклучува диспензер на гел за дезинфекција и посебна навлака за клучевите, како специјален персонализиран елемент. Во истиот комплет, купувачите на новиот (500)RED  исто така ќе најдат ексклузивно писмо потпишано од Оливие Франсоа и Боно Вокс за добредојде во заедницата (RED).

Новиот (500)RED има дополнителни карактеристични елементи што го прават веднаш препознатлив, почнувајќи со логото 500 на предниот дел и логото FIAT на задната врата, кои, за прв пат, се обоени со црвено како почит кон (RED). Посебниот беџ во основата на задниот прозорец и логото 500 во центарот на премиум воланот со тапацир Soft Touch се исто така дополнителна одлика на партнерството.

Гамата на бои, покрај новата и ексклузивна Red by (RED), вклучува и Mineral сива, Ice бела и Onyx црна. Уште еден необичен (RED) елемент вклучува педала за гас од црвен анодизиран алуминиум достапна со внатрешна комбинација со црни совозачки седишта и црвено возачко седиште.

Новиот (500)RED е достапен во две каросерии, хечбек и кабриолет со црн покрив, и со две нивоа на автономија: е-мотор со моќност од 70 kW /95 КС со автономија до 190 км (циклус WLTP) и еден од 87 kW / 118 КС и автономија до 320 км (циклус WLTP).

(500)RED се базира на верзијата Dolcevita и покрај деталите кои се заеднички за целото (500) RED семејство, има и (500)RED  лого на двете рамки на вратите. (500) RED Hybrid е достапен во сива боја Pompei, Gelato бела боја и во црна боја Cinema и, се разбира, во црвена Passione.

Оваа верзија е исто така збогатена со хромирани детали на предната решетка, предните „мустаќи“ и рачките на вратите, додека системот за информирање и забава се карактеризира со радио со екран на допир од 7 инчи со Apple CarPlayTM и Android AutoTM и алуминиумски тркала од 15″ или 16″.

Достапен во хечбек верзија со панорамски стаклен покрив или кабриолет со црн покрив, опремен е со Mild Hybrid 1.0 мотор со 70 КС.

(500X)RED се базира на верзијата Cross и е достапен и во хечбек и во верзија open air со soft-top Dolcevita. Лого (500)RED има на рамките на вратите како надополнување на деталите кои ја карактеризираат целата (RED) специјална серија. Палетата на бои, како дополнување на црвената Passione, вклучува и сива Moda, бела Gelato и црна боја и, се разбира, црвени детали. Ентериерот се карактеризира со елегантен темен тон, а црните седишта се оивичени со црвена нишка и со црвени шевови на потпирачот за рака. Поврзувањето е загарантирано со системот Uconnect со екран на допир од 7 инчи и навигатор интегриран со Apple CarPlayTM и Android AutoTM, алуминиумските тркала се 19″. Опремата е комплетирана со сензори за паркирање, сензори за светлина, светла за магла и автоматска климатизација.

Возилото е на располагање со два бензински мотори – Firefly од еден литар и 120 КC и 1.3 литри со 150 КC – и два дизел мотори Multijet од 1.3 литри со 95 КC и од 1.6 литри со 130 КC.

Исто така, (500L)RED го содржи потписот на оваа соработка на рамката на предната врата. Покрај црвената боја Passione, палетата на бои ги содржи и сивата Moda, белата Gelato и црната Cinema, кои може да се нарачаат и со црн покрив. Тркалата се на располагање во две величини и тоа: 16“ и 17“ ја комплетираат опремата со автоматска климатизација, сензор за дожд и сензор за светлина како и адаптивен темпомат со ограничувач на брзината. Возилото е на располагање со мотори Euro 6D-Final бензински од 1,4 литри со 95 КC односно турбодизел 1,3 Multijet со 95 КC.

Електричен тротинет (500 Iride)RED

Семејството (500)RED има дополнителна опција, не нова функција или дизајнерски детаљ, туку дополнителен систем за мобилност што исто така го прави и последниот километар одржлив. Всушност, електричниот тротинет (500 Iride)RED е достапен заедно со специјалната серија, а е изведен од страна на Mopar. “500 Iride” чие име е инспирирано од легендарните кружни фарови на 500 е одржливо решение за оние со секојдневна рута на движење: дизајниран да биде совршено сместен во багажникот на 500, овој електричен тротинет ќе овозможи одржлива и удобна мобилност дури и за делниците кои се најтесните градски јадра.

Електричниот тротинет „500 Iride“ се преклопува, тежок е 15 кг., што го прави лесен за носење насекаде. Има батерија за минување до 30 километри и максимална брзина од 25 километри на час*, а се полни за само 4,5 часа со полначот за домаќинство. Покрај тоа, благодарение на наменската апликација, може да се погледнат информации и да се управува со нагодувањата и да се споделува директно од мобилниот телефон.

*максималната брзина може да се менува од земја до земја, во зависност од локалните законски прописи.

Комуникациска кампања (500) RED

Комуникациската кампања посветена на новиот (500)RED вклучува видео и ТВ реклама. Видеото, насловено како (RED)UCE – да се намали од англискиот збор „reduce“- е привлечен, визуелно-провокативен филм кој прикажува сè што може да понуди новиот (500) RED. Користејќи ја концептуалната врска со (RED)UCE, да се намали, видеото ја истакнува општествената одговорност на автомобилот во однос на заштитата на животната средина и борбата против пандемиите. Видеото може да се погледа на ЛИНКОТ.

Ги поттикнува потенцијалните потрошувачи да станат дел од промената, а кулминира со мотото “Made for the Planet, made for its People”. „Направен за планетата, направен за луѓето“. Видеото, осмислено од агенцијата Migrante, е направено од продуцентската куќа Buddy Film, во режија на Леонардо Рикањи.

ТВ спотот пак, се базира на концептот на грижа. Кога мислиме на 500, не мислиме на семеен автомобил. Сепак, новиот (500) RED  е автомобил кој повеќе од кој и да е друг, се грижи за семејството: најголемото што постои и на кое сите припаѓаме. Исто како што се вели во кампањата: „Направен за планетата. Направен за луѓето“.

И токму ова е концептот што го кажува новиот тв спот, преку глас кој прашува: “Колку луѓе може да собере толку мал автомобил?” Одговорот главно е во подвижните слики. Сè поголем број на различни луѓе од целиот свет, кои ги гледаме како се приближуваат до автомобилот и како сите да имаат намера да влезат. Метафорично овој автомобил е во состојба целиот свет да го води кон подобра иднина.

Создаден од агенцијата Лео Бурнет, тв спотот е направен од продуцентската куќа Buddy Film, а во режија на Федерико Бруџа.

За (RED)

(RED) е фондација која го носи името по бојата за итни случаи, основана од Боно и Боби Шрајвер во 2006 година за да ги претвори компаниите во оружје за борба против СИДА-та. Денес, истата армија на компании се бори со заканата од КОВИД-пандемијата и нејзиното катастрофално влијание врз најранливите заедници во светот, исполнувајќи ја потребата за вистински глобален одговор.

(RED) соработува со најлегендарните марки и личности за создавање на (RED) производи и креирање на (RED) искуства, кои собираат средства за Global Fund, еден од најголемите светски финансиери на глобалното здравје. (RED) партнери се: Amazon, Anova Culinary, Apple, Balmain, Bank of America, Beats by Dr. Dre, Buffalo Games, Claro, eos, Girl Skateboards, The Honey Pot Co., Louis Vuitton, Mavin Records, Montblanc, Primark , Salesforce, Starbucks, FIAT, Jeep, RAM, Telcel, Therabody, TRUFF, U-Mask и Vespa. Меѓу поддржувачите на (RED) спаѓаат Merck и Roche.

До денес, (RED) собра нешто помалку од 700 милиони долари за Global Fund, помагајќи  на повеќе од 220 милиони луѓе. Парите собрани од (RED) партнерите и (RED) кампањите одат директно во фондовите за зајакнување на здравствените системи и поддршка на програмите со кои се спасуваат животи во заедниците коишто се најмногу погодени од пандемиите.

Ви треба информација? Разговарајте со нас