Cars.com во Извештајот за достапност (Affordability Report) го прогласи FIAT 500X: за Нов автомобил со најдобра вредност 2023, во САД

Cars.com во Извештајот за достапност (Affordability Report) го прогласи  FIAT 500X: за Нов автомобил со најдобра вредност 2023, во САД

  • FIAT 500X нуди примамлива влезна точка во Извештајот за достапност на Cars.com: Нов автомобил со најдобра вредност за 2023 година.
  • FIAT 500X се одликува со висок сооднос цена-вредност со технологија, пространа внатрешност и стандарден погон на сите тркала (конфигурација за Северна Америка)

Економската достапност е основна вредност на мисијата на FIATда обезбеди одржлива мобилност и технолошки решенија достапни за сите. Овој фундаментален принцип го внесе FIAT 500X во Извештајот за достапност на Cars.com: Нов автомобил со најдобра вредност за 2023 година. Стандардниот погон на сите тркала (AWD) и технологијата се комбинираат со забавниот начин на возење, за да создадат вредност за купувачите на мали SUV возила.

Cars.com е северноамерикански провајдер на решенија за автомобилската индустрија што ги поврзува купувачите со продавачите на автомобили. Извештајот за нови автомобили со најдобра вредност на компанијата им помага на купувачите да пронајдат најдобро решение при изборот на возило коешто ги поседува технологијата и карактеристиките коишто им се потребни, но нема да го надмине предвидениот буџет. FIAT 500X е признаен како пакет со голема вредност; нуди стандарден погон на сите тркала, сеопфатни технолошки карактеристики и пријатно возачко доживување по соодветна цена.

Лансиран во 2014 година, произведен во Мелфи, Италија, FIAT 500X постигна успех на глобален план, се продава насекаде во светот, во 40 земји и 4 региони.

Ова е доказ дека побарувачката на моделот, при што купувачите во малиот италијански автомобил ги добиваат сите карактеристики што ги бараат во компактен SUV, е синоним за италијанската dolce vita што ја отелотворува FIAT.

 

Торино, 27 јануари, 2023

Ви треба информација? Разговарајте со нас