Новиот 500 прогласен за Најдобар мал градски електричен автомобил (“best small electric car for the city”) и Најдобар кабриолет за вредноста (“best convertible for value”) на Конкурсот за наградите на What Car? 2023
Новиот 500 награден за неговите возачки перформанси и стилскиот изглед од страна на магазинот What Car?
За помалку од три години, Новиот 500 освои 37 интернационални награди во девет земји, со што овој модел на ФИАТ стана најнаградуван од кога и да е.
Уште од неговото лансирање Новиот 500 стана најбаран модел, во сопственост на скоро 120,000 корисници ширум светот. Во текот на 2022, Новиот 500 беше најпродаван електричен автомобил во Италија и се најде на подиумот во Шпанија и Германија.
Целосно електричниот Нов 500 беше прогласен за најдобар мал градски електричен автомобил и најдобар кабриолет за вредноста на Конкурсот за награди на магазинот What Car? 2023, со што се здоби со уште едно признание од страна на автомобилските експерти и збогатувајќи ја палетата награди со 37-та по ред. Така, овој модел на ФИАТ стана најнаградуван од кога и да е.
Жирито го награди овој автомобил за неговите возни способности и иконскиот дизајн.
Успехот е потврден и со брилијантните резултати од продажбата: од неговото лансирање во 2020 година, Новиот 500 беше продаден во 120,000 примероци низ целиот свет. Во 2022, беше најпродаван електричен автомобил во Италија, а се најде на подиумот и во Шпанија и Германија. И тоа не е сè: минатата година, Новиот 500 беше трет најпродаван електричен автомобил на десетте најголеми пазари во Европа и најдобро продаван BEV на Групацијата Стелантис во Европа.
Дизајниран во Торино, Новиот 500 е симбол на италијанската креативност и постојано освојува нови фанови на производите Made-In-Italy во светот. Новиот 500 во моментов се продава во 38 земји, на четири различни географски предели: од Европа до Латинска Америка, од Средниот Исток до Јапонија. Предводникот на стратегијата за електрификација на марката, Новиот 500 наскоро ќе се најде на пазарот и во Соединетите држави, со што ќе го продолжи својот пат надвор од Европа.