Abarth 595 по четврти пат победува на “Best Car 2019” на “Auto, Motor und Sport”

Abarth 595 по четврти пат победува на “Best Car 2019” на “Auto, Motor und Sport”

  • Откако ги однесе победите во 2016, 2017 и 2018 Abarth 595 победи во категоријата “Mini Cars” од увоз и го освои второто место во севкупнатакласификација поминувајќи ја острата германска конкуренција.

Четврти пат по ред Abarth 595 е избран за “Best Car”, во категоријата “Mini Car” од увоз, од страна на читателите на списанието “Auto, Motor and Sport”: извореден резултат остварен со освоени 30,6% од гласовите на читателите. На второто место се најде Fiat 500 – кој пак оствари историски рекорд на освоени награди во 2018. Инаку, во генералниот пласман, каде се натпреваруваа 20 модели, Abarth 595 постигна уште еден извонреден резултат, пласирајќи се на апсолутното второ место со 18,3% од гласовите.

«Многу сме горди што Abarth 595 победи, четврти пат по ред, оваа значајна награда потврдува колку нашиот мал “суперавтомобил”, неприкосновен симбол на креативноста, спортскиот стил и грижата за секој детаљ, карактеристични за Made in Italy продолжува да биде најсакан од читателите на главното германско автомобилско списание Auto, Motor und Sport- изјави Лука Наполитано, директорот на Fiat and Abarth brand EMEA-. Престижна победа која го нагалсува растечкиот appeal на брендот на Шкорпијата во Германија, втор пазар по извоз за брендот, кој на значаен начин придонесе за резултатите од продажбата во 2018, година кога забележавме историски резултат на Abarth co околу 23.500 продадени примероци во Европа и со пораст од 36,5 проценти. Извонредни резлутати кои нѝ даваат основа позитивно да гледаме и на 2019, година, кога го славиме нашиот  70-ти роденден».

Минатите денови Abarth 595 веќе освои уште една награда во Швајцарија, освојувајќи го првото место во категоријата “Mini Car” од “Auto Illustrierte”, најзначајното швајцарско автомобилско списание, заедно со водечки интернационални списанија од 12 земји, и учествуваше на 43-ото издание на нарадите “Best Cars” искажувајќи ја сопствената надмоќ над  385 автомобили, учесници на конкурсот.