Според жирито, на престижнитеNC Digital Awards, кои стигнаа до своето 11-то издание, иницијативата Abarth “Hot Lap” е најдобрата дигитална кампања која се однесува на автомобилскиот свет.
Емотивниот проект gamingвнесе адреналин и забава во виртуелниот свет, во кој отсекогаш се издвојувале автомобилот со знакот на Скорпијата.
Учесниците, членови на заеднцата community Abarth и професионалците од светот на e-games, одговорија на предизвикот на играта Assetto Corsa (Тркачка поставеност), и седнаа зад воланот на моќните Abarth автомобили.
Привлечната иницијатива Abarth “Hot Lap” триумфираше на престижните NC Digital Awards, во категоријата “Најдобрата дигитална кампања која се однесува на автомобилскиот свет”.
Лансиран на почетокот на годината, проектот Abarth „Hot Lap“ му овозможи на брендот на Скорпијата да го зголеми своето присуство во дигиталниот свет и, особено, во сè попопуларниот свет на игри.
Виртуелниот натпревар ја вклучи заедницата Abarth и сите љубители на е-игри, како и некои професионалци за виртуелни трки, кои меѓусебно се предизвикуваа во режимот Time Attack (најдобро време) во рамките на играта Assetto Corsa. Учесниците најпрво имаа можност да го изберат и прилагодат својот Abarth, а потоа да се справат со најпознатите и највозбудливите патеки во Европа
Сите трки беа пренесувани во живо на платформата за пренос во живо на Twitch, давајќи им можност на гледачите да ги коментираат настапите и да го бодрат својот омилен возач. Дополнително, „Hot Lap“ беше прераскажана, во совршениот стил на Abarth, на социјалните канали на Скорпијата, со што се консолидираше односот што ги врзува брендот и неговите обожаватели. На крајот на краиштата, страста отсекогаш ги поттикнувала љубителите на Abarth да ја изразат својата благодарност за сето она што го повторува адреналинското искуство на возење на секој модел што оди по патеката, со што преминува од едноставна разиграна забава во интерактивно возачко доживување на највисоко ниво.
“Hot Lap”, додава ново поглавје на проектот создаден во 2020 година, за да се даде континуитет на кампањата #WTFun за 2022 година, каде што истата кампања ја толкува најавтентичната душа на Скорпијата, а адреналинот се придружува на желбата за забава.
Во моментов, заедницата „The Scorpionship“ – на која може бесплатно да се приклучи преку интернет-страницата abarth.com/scorpionship – има над 160.000 членови меѓу кои, вљубеници во марката и сопственици на автомобилите. На глобално ниво, постојат 93 официјални клубови во 22 земји на четири континенти. Страст која не познава граници, а доказ за тоа е освојувањето запишано во Гинисовата книга на рекордиTM кон крајот на 2020 година, по повод Abarth Digital Day, кога припадниците на Abarth заедницата се собраа на интернет, давајќи му живот на најголемиот дигитален собир во светот.
Сега, на нивното единаесетто издание, NC Digital Awards, организирани од ADC Group, го претставуваат најважното национално признание во областа на дигиталната комуникација, а победниците ги избира авторитативно жири од над 30 врвни менаџери од компании од сите сектори на производи.