Abarth 595 ја освои титулата “Best Car 2022” (Најдобар автомобил 2022) на списанието “Auto Motor und Sport” по седми пат едноподруго

Abarth 595 ја освои титулата “Best Car 2022” (Најдобар автомобил 2022) на списанието “Auto Motor und Sport” по седми пат едноподруго

Преку 100.000 читатели на престижното списание „Auto Motor und Sport“ ја доделија титулата „Најдобар автомобил“, во категоријата Mini Cars/Import, на најпознатиот модел на Скорпијата.

Со 26,1% од гласовите, Abarth 595 триумфира – седми пат едноподруго – во конкуренција на 386 модели кои учествуваа на конкурсот, а беа поделени во дванаесет категории.

Со моделите Abarth 595/695, се обновува страста за најновите производи во гамата: специјалните серии Abarth F595 и Abarth 695 Esseesse.

Новата година започнува со триумф на марката на Скорпијата: седми пат едноподруго титулата „Најдобар автомобил“ објавена од престижното списание „Auto Motor und Sport“ ја доби гамата модели Abarth 595/695. Со 26,1% од гласовите, легендата Abarth победи во категоријата Mini Cars/Import, една од дванаесетте категории на кои е поделен конкурсот.

По 46-ти пат, натпреварот „Best Cars“ (Најдобри автомобили) побара од читателите на „Auto Motor und Sport“ да ги одберат своите омилени автомобили од оние кои се продаваат на германскиот пазар. Повеќе од 100.000 читатели го дадоа својот глас, избирајќи помеѓу 386 модели кои моментално се на пазарот, поделени во дванаесет категории, од кои секоја вклучува категорија за автомобили од увоз.

Победата на конкурсот „Best Cars 2021“ (Најдобри автомобили 2021) е дополнителна потврда за меѓународниот успех на овие мали и спортски автомобили и за страста кон марката на Скорпијата на германскиот пазар. Токму затоа, италијанската марка ја искажува својата гордост за постигнатото и им се заблагодарува на стручните и пасионирани читатели на специјализираното списание, кои седми пат едноподруго  ја одбраа гамата Abarth 595/695.

Тајната на успехот на автомобилите на Скорпијата лежи во двете души на марката, перформансите и стилот, токму оние коишто ги карактеризираат најновите иновации на марката: Abarth F595 и Abarth 695 Esseesse. Првата е специјалната серија посветена на најмладите ентузијасти на Скорпијата, кои ги сакаат перформансите и ја сакаат технологијата, и е опремена со моќниот 1.4 T- jet мотор од 165 КС од кој произлегува моторот на едноседите во Формула 4.  Таа, исто така му оддава почит на болидот на Formula Italia – дизајниран од самиот Карло Абарт во 1971 година.

Abarth 695 Esseesse е лимитирана серија, чие име има свои корени во историјата на марката и датира директно од нејзиното создавање, кога тјунинг комплетите од шеесеттите го создадоа богатството на Карло Абарт, назначувајќи го како пронаоѓач на тјунингот за автомобили од масовно производство. Инспириран од истоимениот модел од 1964 година, Abarth 695 Esseesse е совршена комбинација на ексклузивност и спорт, како што е прикажано со алуминиумската хауба којашто го прави полесен и ја менува распределбата на тежината и спојлерот со Assetto Variabile, што ја подобрува аеродинамиката.

Ви треба информација? Разговарајте со нас