Ексклузивниот Fiat 500 Spiaggina ’58 е специјално издание посветено на роденденот на Fiat 500
• Денес се прославува 60-иот роденден на иконата на Куќата Fiat, фамозниот Fiat 500 Jolly Spiaggina, првата специјална серија на митското “фиќо” кое е симбол на италијанската “Dolce Vita”.
• По повод прославата на двојната причина, марката Fiat ја претставува новата верзија, наречена Fiat 500 Spiaggina ’58, ексклузивна специјална серија збогатена со префинети елементи во дизајнот и богата сериска опрема.
• Ограниченото издание брои 1.958 примероци, во знак на годината на првото издание на оваа верзија, а новата верзија Spiaggina ’58 е автентичен култен предмет кој ја потврдува тајната на успехот на Fiat 500, кој продолжува да расте, благодарение на 30 специјални серии кои излегоа во последните 11 години.
• Второто признание потпишано од Fiat е краток филм кој “лета” на нотите на “Nel blu dipinto di blu”, ненадминатата песна на Domenico Modugno, испеана на фестивалот Санремо во 1958.
• За оваа прилика креативниот hub Garage Italia, како и атељето Pininfarina реализираа сопствен придонес во чест на роденденот, верзијата Fiat 500C: прекрасниот изложбен примерок “Spiaggina by Garage Italia” опремен со единствени решенија кои го реинтерпретираат на современ начин духот од педесетите.