500 Iride: зародиш на микромобилноста со потпис на Mopar®

500 Iride: зародиш на микромобилноста со потпис на Mopar®

  • Mopar® го претставува првиот електричен тротинет, инспириран од Новиот 500, кој совршено одговара на мисијата на Stellantis: да промовира сè поодржлива, попристапна и карактеристична мобилност.
  • Дизајниран од Стилскиот центар на Fiat, во соработка со Compagnia Ducale, иновативниот 500 Iride напојуван од Mopar® е идеално решение за урбана електрична микромобилност со нула емисија на гасови.
  • Името 500 Iride и тркалезниот фар, сместени под гиданот, се инспирирани од иконските тркалезни фарови на Cinquino, но и од виножитото како хроматски израз на убавината во природата.
  • Опсег до 30 km, максимална брзина од 25 km/h, мотор од 250W и гуми од 10”.
  • Три нијанси достапни при лансирањето: Небесно сина и облачно сива боја, кои ја слават животната средина и црвената боја што му оддава почит на новиот бренд за обновеното семејство 500, создадено во соработка помеѓу Fiat и (RED) за ширење на заедничката порака за грижа за околината, планетата и луѓето.
  • Специфична торба за транспорт со автомобил и 12V полнач за полнење со енергија директно од автомобилот.
  • Наменска апликација user-friendly, која нуди, во реално време, корисни информации за возилото и можност за нивно споделување со пријателите и семејството на едноставен и непосреден начин.

Stellantis промовира сè поодржлива, попристапна и карактеристична мобилност, замислувајќи ја на тој начин „зелената“ иднина на нашите градови, каде технолошките иновации одат рака под рака со почитувањето на околината. Од оваа силна и јасна мисија, тимовите на Mopar и Fiat започнаа со креирање на 500 Iride, воспоставувајќи блиска соработка што отсекогаш ги поврзувала и создадоа нов електричен тротинет, наменет да ја доведе урбаната микромобилност до нула емисии.

Дизајниран од Стилскиот центар на Fiat, во соработка со Compagnia Ducale, ексклузивниот 500 Iride е производ со единствен италијански дизајн, инспириран од новиот 500, првиот 100% електричен автомобил на марката Fiat, споделувајќи ја својата желба да обезбеди подобра иднина за следните генерации. Посветен на новиот 500, но наменет за целото семејство 500, покрај специфичното решение за полнење во багажникот, новиот електричен тротинет на Mopar®  овозможува движење низ улиците во центарот, на едноставен начин, ефективно станувајќи идеален „забрзувач” до последната милја.

„Уште од првичниот дизајн на новиот 500, тимот на Mopar® работеше заедно со колегите од одделите за инженерство, за стил и за производ, со цел да понуди максимално прилагодување преку широка колекција на Authentic Accessories by Mopar® во согласност со духот на моделот – вели Франческо Абруцези, шеф на Mopar Enlarged Europe – и денес правиме чекор напред претставувајќи го 500 Iride со кој отвораме нова ера во областа на урбаната микромобилност во името на иконата на Fiat. За неговата реализација го искористивме знаењето на Compagnia Ducale, еден од нашите долгогодишни партнери за лиценцирање со кој веќе развивме одредени приспособени производи со стилски карактеристики на марките Fiat, Lancia, Abarth и Alfa Romeo.

500 Iride: средба на дизајнот со природата

Името 500 Iride потекнува од иконските тркалезни фарови на 500 кои го издвојуваат веќе 64 години, давајќи му волшебен и пријателски „изглед“ за кој се раскажува. Истиот стил, познат низ целиот свет, го има и во кружно поставеното светло, поставено под гиданот, што го прави 500 Iride единствен во панорамата на електричните тротинети. Но, името Iride потсетува и на виножитото како израз на убавината во природата. Не е изненадувачки што првите две достапни бои се  небесното сината и облачно сивата, создадени токму за новиот 500, а се однесуваат на небото и дождовните облаци.

Црвената боја, исто така, наскоро ќе биде достапна, оддавајќи почит на новиот бренд (500)RED Family, создаден во соработкана Фиат и (RED), за проширување на заедничката порака за грижа за животната околина, за планетата и за луѓето.

Токму оваа верзија – (500 Iride)RED – пред кратко време беше претставена на „Planting the seeds of our future”, исклучителен настан кој се одржа на кровот на Лингото во Торино, при инаугурацијата на Куќата 500 и Пистата 500, манифест на „green”-линијата на Fiat, заедно со лансирањето на новиот (500)RED (повеќе информации за ова, достапни на qui.)

Како  за купување на автомобилот, така и за еТротинетот со ознака (RED) дел од парите се наменети за развој на здружението (RED).

Што се однесува до логото, ја презема силуетата на електричниот тротинет и е збогатено со бојата „Light Blue”, како и она на новиот 500, откривајќи го така неговиот електричен и иновативен двигател во служба на одржливоста и на почитувањето на животната околина.

Технички карактеристики и безбедност на максимално ниво

Опремен со мотор од 250 W, 500 Iride може да се користи како вистинско превозно средство за самостојно патување до 30 километри, со максимална брзина што е предмет на локална регулатива, но која може да достигне до 25 km/h и целосно да се наполни во 4 и пол часа. Неговата широка рампа, гумите од 10“, заден амортизер и интегриран екран, заедно со телескопскиот гидан за подобро и персонализирано управување, нудат возачко доживување со апсолутна удобност. Тежи само 15 kg и се преклопува за да биде лесно пренослив, рачно или во багажниот простор на вашиот автомобил.

Предното светло со видливост на долго растојание и задното светло кое трепка при сопирање придонесуваат за максимална безбедност. Дополнително, при возење по пешачка патека, можно е да се активира – преку апликацијата или директно од екранот – функцијата „пешачки режим“ која ја ограничува брзината на 6 km/h. По барање, достапен е и Safety Pack кој вклучува кацига, елек со висока видливост и систем за заклучување за паркирање.

Специфична торба и 12V полнач за „полно“ спокојство

За 500 Iride е создадена посебна торба за удобен транспорт со автомобил. Всушност, може да се стави во багажникот на новиот 500, благодарение на основата во Velcro и каишите кои се прицврстуваат на системот Isofix на задните седишта, со што се обезбедува безбеден, чист и транспорт без бучава. Понатаму, по барање, достапен е и полнач од 12 V, кој може да се стави во задниот простор – се продава одделно или во комбинација со торбата – што овозможува целосно да се наполните електричниот тротинет со помалку од 1% од капацитетот на батеријата на Новиот 500. Треба да се запомни и дека 500 Iride може да се напојува и со кабел за полнење од домашниот приклучок (стандарден).

Сè под контрола со посебната апликација

Достапна на App Store (iOS) и Play Store (Google), посебната апликација овозможува целосно да се управува со 500 Iride користејќи го мобилниот телефон. Конкретно, можно е да се провери статусот на батеријата, досегот, вистинската брзина, вкупното растојание и времето на патување и заштедата на емисија на CO2. Директно од апликацијата, исто така, може да се постави одржувањето на брзината (Cruise Control) или да се избере еден од четирите достапни режими на возење: „Normal“ за балансирана дневна употреба; „Sherpa” за минимизирање на потрошувачката на енергија; „Sport“ за оние кои претпочитаат поживо возење и „pedestrian mode“ за употреба на пешачки патеки. Конечно, апликацијата (која делува како електронски клуч за стартување на тротинетот во електричен режим) нуди можност за споделување на 500 Iride со семејството или пријателите, до максимум четири лица. Благодарение на оваа функција, сопственикот е единствениот кој може да им дозволи на другите корисници да го користат со нивна лична сметка.

Брз, удобен, на склопување: 500 Iride е идеално решение за електрична мобилност во град со нула емисии, претворајќи ја секоја делница во забавно возење.

Ви треба информација? Разговарајте со нас