Dolce vita на FIAT се живее со 500 и 500X, совршена комбинација на електрификација, иконски стил и уникатно доживување на возење на отворено
Врвен израз на италијанската dolce vita (сладок живот), новото специјално издание ги комбинира трите состојки на „Dolcevita“: електрифицирано и доживување на возење под отворено небо на иконските модели Fiat 500 и 500X.
Само со хибридни мотори за иконскиот стил на 500 и 500X: во совршена хармонија со природата, како и возење „на отворено“ е најдобар начин за патување и уживање во безгрижниот италијански начин на живот.
Новата специјална серија „Dolcevita Special Edition“ дебитира денес на Fiat 500 и 500X, максимален израз на италијанската dolce vita којшто ја комбинира електрификацијата на хибридните мотори со возење на отворено за патување целосно вклопено во природата. На крајот на краиштата, радоста на живеењето и слободата за патување секогаш го придружуваат почетокот на летото и ја истакнуваат желбата да се поминат моменти на чисто „бегство“, во име на елеганцијата и италијанскиот вкус.
Денес, истиот весел и гламурозен дух ја анимира новата специјална серија „Dolcevita“ на 500 и 500X, совршена комбинација на иконскиот дизајн на Fiat 500, електрифициран погон и безгрижен италијански начин на живот, искажан на најдобар начин преку верзиите кабриолет и open air и на двата модели. Оттука е создаден и манифестот на италијанската Нова Долчевита според ФИАТ, животно и возачко доживување кое е единствено во светот.
Така е проширена колекцијата на специјални серии кои се следат една со друга во последните неколку години, уникатни автомобили создадени преку соработката со важни брендови – од мода до луксузни јахти, од технологија до наследство – со кои FIAT истражуваше необични територии за градските автомобили. На крајот на краиштата, специјалните изданија се еден од клучевите на успехот на најскапоцениот камен на марката, автентична икона на италијанската dolce vita која еволуира со текот на времето, секогаш задржувајќи го својот идентитет и релевантност дури и во градската мобилност на иднината.
Химна на олеснувањето и возењето под отворено небо, специјалната серија „Dolcevita“ може да биде само 100% електрифицирана, како што покажаа хибридните мотори DCT од 48V T4 1.5 130 КС за 500X и 1.0 70 КС MT наменети за 500. И двата се опремени со напредна хибридна технологија која не само што е еколошки одржлива и прифатлива за ниски трошоци за одржување, туку пред сè е едноставна и фокусирана на човекот.
Специјална серија 500X “Dolcevita Special Edition”
Се одликува со прекрасната надворешна бела боја Gelato во комбинација исклучиво со мек кров во боја на слонова коска. Дизајниран да го задржи непроменет капацитетот на багажникот, елегантниот мек кров се отвора со еден допир за неколку секунди. Префинетата надворешност е комплетирана со неколку засенчени хромирани детали – на „мустаќите“ однапред, светлата за магла и капаците на ретровизорите -, 18“ алуминиумски тркала со сиви детали и лого „Долчевита“ испишано со елегантни ракопосни букви.
Во внатрешноста се издвојуваат новите Ivory Soft Touch седишта со бели шевови и логото „500“.
Возачкото седиште има електрични контроли. Елегантна бела табла, хромирани детали на рачката на менувачот и ексклузивни специфични патосници. Стандардните карактеристики вклучуваат сензори за дожд и светлина, задна камера и систем за информирање и забава од 7“, Uconnect со навигатор, радио DAB, Apple CarPlayTM и Android AutoTM.
Специјалната серија 500X „Dolcevita“ е достапна со 48V T4 130 КС DCT системот, кој го комбинира FireFly моторот од новата генерација од 1,5 литри, со 4 цилиндри, турбобензинц, мотор способен да испорача до 130 КС со вртежен момент од 240 Nm – и 48V и е-мотор од 15 KW, сместени во новиот 7-брзински автоматски менувач со двојна спојка, кој ја подобрува ефикасноста и динамиката на возилото, овозможувајќи му да патува и со исклучен термички мотор.
Специјалната серија 500 “Dolcevita Special Edition” („Сладок живот“ специјално издание)
Достапен само во верзијата Cabrio, новиот автомобил е претставен во бела боја Gelato во комбинација со мек кров во Беж боја. Капаците на ретровизорите се хромирани, додека алуминиумските тркала од 16 инчи се украсени со дијамантска форма во црна боја. Логото „Dolcevita“ испишано со ракописни букви ја нагласува неговата елеганција.
Во кабината, за прв пат среќаваме седишта обложени со кожа Frau во боја на слонова коска, на кои се издвојуваат белите инсерти и логото 500. Елеганцијата е нагласена со дрвената лента на контролната табла, кожената основа на менувачот, поделеното задно седиште 50/50 и специфичните патосници со бели рабови.
Стандардните карактеристики го вклучуваат систем за информирање и забава со екран на допир од 7 инчи, во комплет со сателитски навигатор. Специјалната серија 500 „Dolcevita“ексклузивно располага со моторот од 70 КС MT Hybrid, кој пружа забавно и удобно доживување во возењето, како и намалување на потрошувачката на гориво и на издувните гасови. Тајната лежи во синергетската комбинација на иновативниот мотор од 1 литар со 3 цилиндри од семејството FireFly, кој произведува 70 КС (51,5 kW), со електричен мотор BSG (Belt Integrated Starter Generator) од 12V и литиумска батерија. Значи станува збор за ефикасна, компактна и лесна хибридна енергетска единица.