Новиот 500 ја освои 24-тата награда: избран е за “Електрично возило на годината 2022” во Холандија

Новиот 500 ја освои 24-тата награда: избран е за “Електрично возило на годината 2022” во Холандија

Новиот 500 е избран за “Електричен автомобил на годината 2022”, во категоријата средни автомобили, од страна на Vereniging Zakelijke Rijders (VZR), Здружение на возачи на службени автомобили во Холандија.

Наградата му е доделена поради неговата достапност, брзо полнење и примамлива цена.

Така бројот на интернационални трофеи кои ги освои Фиатовата икона се искачува на 24

На холандскиот конкурс, наменет на службените автомобили, Новиот 500 беше избран за „Електричен автомобил на годината 2022“, во категоријата средни автомобили. На конкурсот учествуваа вкупно 36 марки и 67 модели, кои беа оценувани од жири составено од претставници на Vereniging Zakelijke Rijders (VZR), холандското здружение на возачи на службени автомобили, од компаниите Eneco и LeasePlan, како и од Списанието AutoWeek и Algemeen DagbladAl.

Холандската Награда е 24-тиот трофеј доделен на Новиот 500. Наградата се придружува на многуте трофеи доделени на Новиот 500, како што се: „Најдобар автомобил 2021“ од белгискиот магазин Le Moniteur Automobile, „Green Car“ на Француските автомобилски награди 2020 и „Автомобил на годината и најдобар мал електричен автомобил“ од Driving Electric и италијанската награда „AUTO EUROPA 2022“. На овие престижни меѓународни награди мора да се додадат и „Најдобар дизајн 2020“ на германското списание Auto Motor und Sport и „Најдобар концепт за дизајн“ на познатиот меѓународен натпревар „Red Dot Design Award“.

Здружението Vereniging Zakelijke Rijders (VZR) ги застапува интересите на возачите на службени автомобили. Опфаќа повеќе од 1,3 милиони луѓе кои возат  изнајмен автомобил или службен автомобил и луѓе кои возат приватен автомобил за службени потреби.

Во 2021 година, Новиот 500 беше најпродаваниот електричен модел на Стелантис, како и најпродаваниот електричен автомобил во Европа во сегментот на градски автомобили. Не само тоа: Новиот 500 е лидер кај електричните градски автомобили во 8 европски земји и е најпродаваниот автомобил во целата панорама на електрични возила во Италија. А откако ќе биде лансиран на европските пазари, и на пазарите во Израел и Бразил, во текот на 2022 година ќе го продолжи својот пат како глобален модел, дебитирајќи во Јапонија и во многу други земји.

Ви треба информација? Разговарајте со нас