Интелигенцијата презема одговорност

keypillar_01

Светот напредува, возењето исто така. Новиот 500X ви ги носи најиновативните придобивки за активна безбедност. Lane Assist (Сигнал за преминување на белата линија) и најновиот Traffic Sign Recognition (Препознавање на сообраќајните знаци) и Speed Advisor (Препорака за брзина) функции кои се во стандардна опрема на сите верзии. Овие функции го препознаваат ограничувањето на брзината и ви дозволуваат да ја поставите вашата брзина со едноставно кликнување на соодветното копче за безгрижно да возите според правилата.

Препознавање на сообраќајните знаци

Со користење на камерата поставена на предното стакло, системот ги препознава сообраќајните знаци и ограничувања на брзината и ги вклучува соодветните сијалички на инструмент таблата и ви кажува дали одите пребрзо.

Сигнал за преминување на белата линија

Паметен систем кој ќе ве предупреди во случај на несакано преминување на белата линија (кога не вклучувате трепкачи за промена на насоката на движење). Lane Assist (Сигналот за преминување на белата линија) директно ќе ве предупреди на инструмент таблата и ќе го зголеми отпорот на воланот.

Uconnect™ 7” HD LIVE

keypillar_02

Кој е вашиот најдобар сопатник при возењето? Вашиот 500X.
Со Uconnect™ 7” HD LIVE како стандардна опрема, може да се одговори на телефонски повик, да се разменуваат пораки, да се избере музичка плеј листа и да се одреди најдобриот пат со само едно притискање на копчето.

Apple CarPlay

Зошто би го купиле најновиот iPhone ако не можете да го користите кога ќе посакате?
Apple CarPlay е најпаметниот и најбезбедниот начин да го користите вашиот iPhone во автомобилот, за да преку него да добивате насоки, да се јавувате, да праќате и да примате пораки и да ја пуштате омилената музика без да го оттргнете вниманието од патот.

Android AutoTM

Музика, апликации и многу повеќе. Со Android AutoTM вашите апликации ќе се појават на екранот на 500X Urban со едноставен начин на користење и пријателски интерфејс организиран на основа: лесен за користење.

Ви треба информација? Разговарајте со нас