Поврзување

keypillar_01

Зошто да бидете чекор зад останатите? Слободно одете каде сакате и останете поврзани со сè што сакате. Со Новиот 500X Cross иднината се случува сега.

Apple CarPlay

Зошто би го купиле најновиот iPhone ако не можете да го користите кога ќе посакате? Apple CarPlay е најпаметниот и најбезбедниот начин да го користите вашиот iPhone во автомобилот, за да преку него да добивате насоки, да се јавувате, да праќате и да примате пораки и да ја пуштате омилената музика без да го оттргнете вниманието од патот.

Android AutoTM

Музика, апликации и многу повеќе. Со Android AutoTMВашите апликации ќе се појават на екранот на 500X Urban со едноставен начин на користење и пријателски интерфејс организиран на основа: лесен за користење.

Uconnect™ 7” HD LIVE

Подгответе се за вашата следна авантура.
Со Uconnect™ 7” HD LIVE како стандардна опрема, може да се одговори на телефонски повик, да се разменуваат пораки, да се избере музичка плеј листа. И да се одреди најдобриот
пат со само едно притискање на копчето. Со DAB (Digital Audio Broadcasting), стандарден на сите CityCross.

Уживајте во вашите авантури во потполна безбедност

motore

Опремен со најновите технологии за помош при возењето, со 500X сте подготвени да тргнете на патување во секакви услови.

Препознавање на сообраќајните знаци

Со користење на камерата поставена на предното стакло, системот ги препознава сообраќајните знаци и ограничувања на брзината и ги вклучува соодветните сијалички на инструмент таблата и ви кажува дали одите пребрзо.

Препорака за брзина

Сакате да ја одредите ја брзината на движење со еден клик? Денес го можете тоа. Speed Advisor (Препорака за брзина), со Traffic Sign Recognition (Препознавање на сообраќајните знаци), го утврдува актуелното ограничување на брзината и ви овозможува да го прилагодите вашето возење брзо и безбедно.

Сигнал за преминување на белата линија

Занесени? Нема проблем. Со Lane Assist (Сигнал за преминување на белата линија), вашиот 500X Cross ќе ве предупреди доколку ненадејно ја преминете белата линија која ја ограничува лентата во која се движите.

Воспоставување на безбедно растојание

Ако сте заборавиле да ја прилагодите брзината на движење навреме со Adaptive Cruise Control, можете да ја одберете брзината и 500X ќе ја одржува и ќе одржува растојание во однос на возилото пред вас.

Автономна сопирачка во итни случаи

Не плашете се од ненадејни препреки, со Autonomous Emergency Brake – Автономната сопирачка во итни случаи, 500X го препознава присуството на возило пред вас и автоматски ја активира сопирачката доколку е тоа потребно.

Предупредување за „мртов“ агол

Со 500X, „мртвите“ агли повеќе не се проблем, затоа што системот проверува дали има друго возило во непосредна близина и ве предупредува за неговото присуство преку осветлување на надворешните ретровизори.

Откривање на препречување на патот одзади

Будноследење на патот дури и одзади. Rear Cross Path Detection – Откривање на возила и објекти кои го пресекуваат вашето движење и ве предупредува за нивното присуство преку звучен сигнал и вклучување на сијаличка на инструмент таблата.

Ви треба информација? Разговарајте со нас